Јанева: За сите отворени предмети има материјални докази и сведоци

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева презентирајќи го шестмесечниот извештај на СЈО пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците рече дека прислушуваните разговори кои се предмет на ова Обвинителство се само индиција врз основа на која е остварена предистражната постапка и дека за сите отворени предмети има материјални докази и сведоци. Поврзувајќи го периодот од првиот...

Санирано свлечиштето над регионалниот пат Прилеп-Охрид кај Битола

Санирано свлечиштето над регионалниот пат Прилеп-Охрид Свлечиштето над регионалниот патен правец Прилеп-Охрид кое е во непосредна близина на градот Битола е санирано. Регионалниот патен правец Прилеп-Охрид кој на подрачјето на Битола беше во функција на обиколница целосно е решен и од денеска сообраќајот се одвива во два правца и по две сообраќајни ленти. Во изминатиот период заради свлечиште над патот, сообраќајот...

Рочиштето за „Шамарите од Центар“ против Димче Крстев одложено за 15 јуни

Одвоената постапка за предметот на СЈО „Шамарите од Центар“ против Димче Крстев се одложи за 15 јуни. По барање на адвикатот на Крстев, Дончо Наков, а во согласност од обвинителите на СЈО, судечкиот совет денешното рочиште го одложи поради повреди кои обвинетиот ги добил при напад од непознати лица од пред неколку дена за кои тој пријавил и во полиција. Крстев...

Лавров: Треба да се обнови Советот за безбедност на Обединети нации

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска предложи да се прошири Советот за безбедност на Обединети нации со претставници од земјите во развој од Африка, од Азија и од Јужна Америка. Тој додаде дека актуелниот состав на СБ не е во согласност со реалниот баланс на моќ во светот. - Се согласувам дека сегашниот состав на најважното тело (СБ) не го одразува...

В сабота акција за чистење во сите општини

Акција за чистење и разубавување на животната средина ќе се спроведе в сабота во сите општини во Македонија. Во акцијата акцент ќе биде ставен на чистење на дивите депонии, подигнување на комуналниот отпад, чистење на улиците и парковите. Ова денеска го најави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов. - Град Скопје и останатите општини својата заложба за почиста...

Заев: Демократијата на едно општество зависи од слободата на медиумите

Демократијата и слободата на едно општество зависат од слободата на говорот и на медиумите. Република Македонија е демократска земја, во која владее правото и во која целосно се почитуваат слободата на говор и на слободно изразување. Медиумите во земјава треба да работат ослободени од какви било притисоци, да ги информираат граѓаните навремено, точно и без цензура, наведува премиерот Зоран Заев...

Нова современа терапија за лекување на болните од леукемија

Пациентите со хроничната миелоидна леукемија во Република Мекедонија првпат добија можност за лекување со нов специфичен, посупериорен лек, второ-генерацискиот препарат Нилотиниб, соопштија од Универзитетската клиника за Хематологија. Со овој препарат, како што се наведува, е обезбеден поефикасен третман за болните со ХМЛ, особено за оние кои немаат задоволителен тераписки одговор на прволиниската терапија со препаратот Иматиниб. Средствата за лекот се...

Дисциплинска постапка против претседателот на Синдикатот во „Фени“

Дисциплинска постапка е поведена против Ѓоре Палитов, претседател на Синдикатот во „Фени“, од страна на стечајниот управник на комбинатот во стечај. Во образложението на решението, стои дека одговорното лице во Секторот за производство пријавило дека Палитов од први до 18 април неоправдано отсуствувал од работа десет работни денови. - Наводите во решението се неточни. Сите отсуства од работа ми се...

Таткото на невестата ќе тужи поради масовното труење на неговите гости во Грдовци

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје во Штип се уште работат на анализите по вчерашното пријавено масовно труење на осуммина свадбари. Таткото на невестата Влатко Атанасов вели дека првиот случај на труење од неговата свадба е кај 20-годишно момче, кое во понеделникот во тешка здравствена состојба е донесено на инфективното одделение во Клиничка болница Штип, а од вторникот до вчера...

Богов: Доколку НБРМ остане без гувернер би имало сериозни негативни импликации

Димитар Богов, гувернерот на Народната банка на Република Македонија смета дека институцијата не смее да се остави без прв човек, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата. Очекува нов гувернер да биде избран во предвидениот рок и притоа да се почитува законот за НБРМ.  - НБРМ има многу значајни функции во економијата, ја одржува ценовната стабилност преку...