Курдски пратеник во турското Собрание осуден на осум години затвор
Турски суд денеска го осуди пратеникот во Собранието на Турција од редовите на курдската Народна демократска партија (ХДП), Абдулах Зејдан, на осум години затвор, под обвинение за тероризам.
Судот за тешки кривични дела во Дијарбекир го прогласи Зејдан за виновен по обвиненителниот акт за „помагање на терористичка организација на која не е член“, како и за „ширење на терористичка пропаганда“.
Турските власти...
Јункер ја повика Белгија да им даде државјанство на Британците вработени во ЕУ
Белгија треба да покаже великодушност кон членовите на персоналот на ЕУ, кои се британски државјани и аплицирале за белгиско државјанство поради Брегзит, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Во услови кога до Брегзитот останува помалку од една година, многу британски државјани, вклучувајќи и лица кои работат за различни органи на ЕУ, се во процес на добивање државјанство на...
Рахој: ЕТА не може да се извлече без казна
Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска изјави дека сепаратистичката организација ЕТА, која вчера објави дека се распушта, не треба да се надева на амнестија за извршените злосторства.
- Што и да напарави, ЕТА не може да се извлече без казна... Ништо не и должиме и нема за што да и бидеме благодарни, посочи Рахој.
ЕТА - „Euskadi Ta Askatasuna“ што на баскиски...
МЗТ Скопје славеше во дербито со Работнички
МЗТ Скопје во СЦ „Јане Сандански“ го совлада Работнички со 80:76 во претпоследното, деветто коло од Супер лигата. За тимот од Аеродром ова е прва прволигашка победа над вечниот ривал сезонава.
Работнички добро го започна натпреварот, но МЗТ брзо се врати во игра и првата четвртина ја заврши во своја корист 24-22.
„Штрковите“ во втората четвртина преземаа иницијатива, но Работнички не...
Најмалку 116 загинати во песочни бури во Индија
Најмалку 116 лица загинаа, а над 140 се повредени во налетите на песочни бури, кои погодија неколку индиски сојузни држави.
Силните ветрови, кои на места достигнале брзина и до 130 километри на час, предизвикале прекин во снабдување со електрична енергија, уривале дрва и ѕидови и уништувале куќи и сточен фонд.
Од песочната бура најтешко се погодени сојузните држави Утар Прадеш, Раџастан...
Унгарските власти сакаат со Устав да забранат прием на мигранти во земјата
Шефот на пратеничката група на унгарската владејачка конзервативна партија ФИДЕС, Мате Кочиш најави дека планираат да иницираат промени на Уставот на Унгарија, со што би обзбедиле гаранции дека Европската унија не ќе може да ја натера земјата да прима мигранти.
Унгарија, заедно со уште неколку источноевропски членки на ЕУ, се противи на плановите на Брисел за прераспределба на мигрантите пристигнати...
Пентагон размислува за повторно отворање на затворот во Гвантанамо
Министерството за одбрана на САД соопшти дека изработило предлог-документ во кои се наведени услови за повторно отворање на затворот во американската воената база Гвантанамо на Куба, каде би биле задржувани лица осомничени за тероризам,
- Министерството за одбрана до Белата куќа достави предлог-критериуми за испраќање на поединци кои претставуваат континуирана и серизона закана по безбедноста на САД, на отслужување затворски...
Трамп ја смени приказната за аферата со порно-ѕвездата Сторми Даниелс
Американскиот претседател Доналд Трамп ја смени приказната, признавајќи оти ѝ платил 130 илјади долари на порно-ѕвездата Сторми Даниелс, a порача дека имале договор за доверливост „што ќе ги спречи лажните обвинувања во врска со аферата од нејзина страна“, пренесува „Ју-ес-еј тудеј“.
Оваа информација е спротивна на претходните тврдења на американскиот лидер, кој досега порачуваше оти „не знаел ништо во врска со...
Собраниска расправа за паралелниот увоз на лекови
Собранието вечерва го усвои Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за лекови и медицински отпад, во прво читање, со кои, според ресорниот министер Венко Филипче, ќе се обезбедат квалитетни лекови за граѓаните преку паралелен увоз.
Според Предлогот, за да добие одобрение за паралелен увоз одредена веледрогерија или здравствена установа до Агенцијата за лекови и медицински средства најпрвин мора...
Осуден турски карикатурист награден по повод Светскиот ден на слобода на печатот
Турскиот карикатурист Муса Карт, кој е осуден на повеќе од три години затвор, денеска ја освои Меѓународната награда за цртеж во печат.
Наградата се доделува на секои две години на истакнати карикатуристи, особено на оние кои работат во услови на авторитарните режими.
Карт од опозицискиот весник „Џумхуриет“, беше еден од 14 соработници на весникот, кои добија казни затвор од 2,5 до...








































