Лозар каснат од змија

Шеесет и шестгодишен неготинец бил каснат од змија утрово додека работел во лозјето. Лицето примило серум и со службено возило било пренесено во кавадаречката болница, каде било задржано.  Пред неколку дена, неготинка исто така беше касната од змија додека работела во лозовиот насад.  Познавачите на состојбите велат дека во овој период од годината змискиот отров е најсилен.  Според хирургот Дано Кулев, по...

Десет сообраќајки во Скопје за едно деноноќие

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеесет и пет  возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач поминал на крстосница на црвено светло и еден возач за неправилно престројување. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин. Со тешки телесни повреди се здобиле еден мотоциклист, еден сопатник на...

Ерупција на вулкан на Хаваите, евакуирани 10.000 жители

Најмалку 10.000 луѓе се евакуирани откако вулканот Килауеа на Хаваите еруптираше, јавуваат американските извори. Геолозите на почетокот на неделата забележаа повеќе од 250 земјотреси за само 24 часа, предизвикани од уривањето на кратерот во источниот дел на вулканот. Властите кон средината на неделата наредија евакуација, заради закана од ерупција на вулканот. Предупредија и на можни потенцијално смртни концентрации на сумпур диоксид. На...

Триесет и осум години од смртта на Јосип Броз Тито

Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. На денешен ден пред 38 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Јосип Броз Тито (1892-1980). Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините вооружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Тој беше еден од основачите на...

Oдбележување 115 години од смртта на Гоце Делчев

Во Македонија денеска се одбележуваат 115 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев, кој на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер. По тој повод  делегација на Владата на Република Македонија, предводена од премиерот  Зоран Заев  ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети...

Сончево време со температура до 29 степени

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево, а попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната температура од 22 до 29 степени. Во Скопје претпладне сончево, а попладне со умерена облачност и услови за...

„Фолксваген“ ќе влезе ерата на електрични автомобили со ново лого

Тркалезното лого на компанијата „Фолксваген“ е еден од најпрепознатливите знаци, не само во автомобилската индустрија, туку и како еден од симболите на 20-от век. Но, германската компанија во блиска иднина планира да го прилагоди своето лого за новата ера на електрични автомобили. Агенцијата „Блумберг“ наведува дека директорот за маркетинг на „Фолксваген“, Јохен Сенгпил, соопштил дека новото лого ќе дебитира уште следната...

Буфон ќе преземе функција во италијанската репрезентација?

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, по повлекувањето од активната играчка кариера ќе преземе функција во италијанската репрезентација. Како што наведуваат италијанските медиуми тој ќе се пензионира на крајот од сезоната, иако официјално тоа се уште не е потврдено. Голманот најверојатно последниот натпревар во дресот на Италија ќе го одигра на четврти јуни против Холандија во Торино. Според италијанските медиуми на Буфон му...

Американски командоси ѝ помагаат на Саудиска Арабија против хусите?

Американски командоси кон крајот на минатата година биле распоредени во Саудиска Арабија на границата со Јемен, за да помогнат за откривање и уништување на магацини со проектили на шиитските бунтовници хуси во соседната земја, тврди весникот „Њујорк тајмс“. Според американскиот весник, кој се повикува на претставници на властите во САД и европски дипломати, овие војници од специјалните единици пристигнале во...