„Сон, верба, љубов“ – концерт на Дуке Бојаџиев

По речиси две години, македонскиот композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев ќе има два концертни настапи во Македонската филхармонија. Концертот „Сон, верба, љубов“ ќе биде изведен вечер со почеток во 19.30 часот и в сабота, во истиот термин.  Музичкиот тим кој ќе настапи со Бојаџиев го сочинуваат: Тијана, Костас Анастасиадис-тапани, Исмаил Лумановски-кларинет, Мартин Ѓаконовски-контрабас, актерката Наташа Петровиќ како вокал и нарација, Владимир Крстев-прва виолина, Маја Ефремова-Шеќерова-втора...

Финансиска полиција ги чешла клиниките

Управата за финансиска полиција во изминатите денови влегла на неколку клиники за проверки во однос на паралелен увоз на лекови, велат од Финансиската полиција. Отаму наведуваат дека ќе изнесат дополнителни детали доколку се потврдат соменавањата што се предмет на истрагата.

Г.Г. Стефан: Испратена покана до БПЦ за 1.000-годишнината од Охридската архиепископија

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан потврди дека е испратена покана до бугарскиот патријарх Неофит и до државниот врв на Бугарија за заедничко одбележување на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија. Во изјава за БГНЕС, г.г. Стефан вели дека Охридската архиепископија има значење за сите православни народи и оти очекува заедно да биде одбележан големиот јубилеј. - Малку институции може да се...

Денови на финансиска писменост

Во Скопје денеска ќе почнат Деновите на финансиска писменост на кои посетителите ќе може да се информираат за сите финансиски теми.  На овој тридневен мултимедијален настан ќе присуствуваат претставници од финансиските институции како што се банките, штедилниците, друштвата за осигурување, друштвата за управување со инвестициски фондови, друштвата за управување со пензиски фондови и микрофинансиските институции. Посетителите ќе можат да се информираат...

Нови рочишта за „Титаник 3“, „Топлик“ и „Транспортер“

Нови три рочишта денеска се закажани во Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 3“, „Топлик“ и „Транспортер“. Во предметот  „Титаник 3“  обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“. Претходното рочиштето за овој предмет беше одложено поради итни семејни обврски на втората судијка Годрана Спировска. Ново рочиште во Судот...

Променливо облачно, попладне пороен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и ретки грмежи.  Утринската температура ќе се движи од седум до 15 степени, а дневната од 16 до 27 степени.  Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и ретки грмежи. УВ=6 Утринската температура ќе достигне до 13, а дневната до 24 степени.  Во сабота ќе има локална...

Министерството за финансии на САД воведе санкции за физички и правни лица поврзани со елитни ирански сили

Министерството за финансии на САД соопшти денеска дека воведува санкции за лица и организации, кои се дел од мрежата за финансирање на Корпусот на револуционерната гарда на исламската револуција- елитна иранска војска. Ова се првите санкции наложени на Иран откако американскиот претседател  Доналд Трамп во вторникот соопшти дека неговата земја се повлекува од Договорот за нуклеарна програма на Иран од 2015...

Пуџдемон одби да биде избран за раководната позиција на Каталонија и предложи наследник

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон одби да биде кандидат за раководната функција на Каталонија. Пуџдемон го предложи за кандидат за регионален лидер Ким Тора.  Пратениците од Каталонија имаат рок до 22 мај да изберат регионален лидер. Доколку ниту еден регионален водач не биде избран до тогаш, Каталонија оди на предвремени избори. Ким Тора (55) е член на парламентарната група Заедно за Каталонија.  Останува претседателот...

Генералниот секретар на ОН побара итен прекин на непријателските активности на Израел и Иран

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара „итен прекин на сите непријателски активности и провокации, за да се избегне нов конфликт" на Блискиот Исток по израелско-иранската ескалација на сириска територија.  Гутереш, исто така, побара од Советот за безбедност активно да работи на сириското прашање за политичко решение.  Досега ниту една од 15-те земји членки на Советот за безбедност на ОН не...

Трамп и Абе разговараа за Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп и јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска имаа телефонски разговор посветен Северна Кореја. Тие постигнале согласност да бидат во тесна координација пред средбата меѓу Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, која треба да се одржи на 12 јуни во Сингапур. Американскиот претседател и јапонскиот премиер се осврнале и на неодамнешната посета на американскиот државен секретар Мајк Помпео на ...