На Хаваи им се закануваат „огнени топки“, експлозии и труење

Килауеа вулканот на Хаваите е во ерупција веќе седми ден. Експертите предупредуваат дека може ситуацијата да стане уште полоша и дека на Хаваите им се закануваат „огнени топки“. Доколку лавата стигне до геометралната електрана, која е на патот на лавата и ако хемикалиите дојдат во контакт со неа, ќе се предизвикаат големи експлозии, а „огнените топки“, може да загрозат радиус...

Ерупција на најактивниот вулкан во Индонезија

Вулканот Мерапи во Индонезија утрово исфрли пепел и друг вулкански материјал во висина од 5.500 метри. Нема информации за жртви, а локалната власт апелираше да се евакуира населението кое живее пет километри од кратерот. Вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава висок е 2.968 метри и е најактивен од 500 вулкани во Индонезија. При последната ерупција на Мерапи во 2010 година загинаа...

Манчестер сити како Ливерпул и Манчестер јунајтед во најславните денови

Манчестер сити е првиот тим во Премиер-лигата што во една сезона забележал 31 победа, собрал 97 поени и постигнал 105 гола Манчестер сити, кој веќе ја освои шампионската титула во Премиер-лигата, предводен од менаџерот Пеп Гвардиола, во претпоследното, 37-мо коло, забележа нова победа, над Брајтон со 3-1, притоа собори неколку рекорди, но постави и некои нови стандарди. Манчестер сити е првиот...

МОК: Балабан заслужува да настапи во Тарагона

Иако беше најавено, Македонија ќе нема фудбалска репрезентација до 19 години на Медитеранските игри во Тарагона На Медитеранските игри (МИ) во Тарагона, Шпанија (од 22 јуни до 1 јули), Македонија ќе се претстави во 15 спорта, со 76 спортист(к)и (51 во машка и 22 во женска конкуренција), со 26 тренери и официјални лица и со осум судии, или вкупно „медитеранската...

Биотехнолошка лабораторија од Северна Кореја клонира кучиња

Подготвил: Христијан Јосифовски Луѓето се справуваат со загубата на своите миленичиња на различни начини. Некои се справуваат со гушкање на омилената играчка на нивниот миленик, некои веднаш земаат замена, но за некои не постои вистинскиот начин како да се справат со загубата на својот миленик. Голем број луѓе се подготвени да преземат доста екстремни мерки за да ги излечат своите...

На имот во Австралија пронајдени седум жртви со прострелни рани

На имот во руралното подрачје на австралискиот град Осмингтон пронајдени се седум тела со прострелни рани. Меѓу убиените четири се деца и тројца возрасни. Полицијата не соопшти повеќе детали освен дека на местото на инцидентот пронајдено е оружје. Телата на двајца возрасни пронајдени се надвор од куќата. Се претпоставува дека убиените живееле на имотот и оти се во семејна врска. Осмингтон е...

Девет цистерни го гаснеле пожарот во „Макстил“

Отпадно железо пред рециклирање синоќа во 23:20 часот се запалило во фабриката „Макстил“ во Скопје при што интервенирала Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со девет возила и 21 пожарникар, јавува МИА. Поради високата температура и густиот чад што се развиле од пожарот, дополнително биле побарани три цистерни со вода од Комунална хигиена, три цистери од Водовод и едно противпожарно...

Почнува „Скопје Креатива 2018“

Изложби, модни ревии и инсталции, работилници, форуми, предавања, презентации, промоции и проекции се дел од седмото издание на фестивалот „Скопје Креатива 2018“ што од денеска до недела ќе се одржува во Младинскиот културен центар (МКЦ). Мотото е „Седум пати до креативност“. Фестивалот вечер во 20 часот ќе го отвори скопскиот градоначалник Петре Шилегов, по што посетителите ќе може да погледнат дел од изложбите во...

ЕБОР заинтересиран да вложи во ветерници во Миравци

Mинистерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествуваше на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој кои се одржаа во Јордан истакна дека Европската банка за обнова и развој, но и други банки, како Европската инвестициска банка, сакаат да учествуваат во финансирање на изградбата на ветерници во Миравци и фотоволтаична централа во Осломеј. - Во рамки на средбите зборувавме со...

Бит-пазар осамна без дивите тезги

Бит-пазар утрово осамна без дивите продавачи. Под надзор на полицијата се уште се средуваат тротоарите кои беа запоседнати со тезги. Граѓаните се надеваат дека јавниот простор, узурпиран од дивите продавачи, конечно ќе стане достапен. Општина Чаир и Град Скопје вчера во меѓусебна координација започнаа со дислокација на трговците што се занимаваат со продажба на цвеќиња по должината на булеварот Крсте...