По повод празникот Ѓурѓовден, денеска во селото Глуво, општина Чучер-Сандево, се одржа културно-уметничка програма посветена на традицијата и обичаите.
Активностите започнаа со берба на билки, во која учествуваа ученици од ОУ „А. Урдаревски“. Во рамки на програмата беше организирана и средба со пастир, стадо и куче кај сопственикот Ивица Стојковиќ, проследена со поезија, песна и музика.

Пред присутните настапија Лилјана Стоилковска, Серафина Фантаузо и Илинче Митева со гитара, како и Васко со хармоника и Славе со тарабука.
За значењето и обичаите поврзани со Ѓурѓовден говореше проф. д-р Ванѓа Радевска.
Во активностите се вклучија и членови на Здружението на пензионери од Чучер-Сандево, како и претставници од Универзитетот „Трето доба“. Дел од програмата беше и уметничка работилница, на која сликарот Живко А. Поповски – Цветин твореше заедно со деца.














































