ФОРМУЛА 1
Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, со победата на трката во Формула 1 (Ф1) за големата награда на Мајами стана првиот возач во историјата на Ф1 што победил на своите први три трки од своите први три пол-позиции, пишува Ф1. На подиумот по таа трка беа и второпласираниот Ландо Норис и третопласираниот Оскар Пјастри.
Победата на Антонели во Мајами, во комбинација со четвртото место на неговиот тимски колега Џорџ Расел, значи дека тинејџерот Антонели сега има водство од 20 бода на врвот на табелата во првенството за возачи, по четири трки сезонава.
– Ова е само почеток, патот е уште долг. Но работиме многу напорно, тимот врши неверојатна работа и без него не би бил тука, тоа е главно благодарение на него и на моето семејство. Ќе уживам во ова, а потоа ќе се вратам на работа, бидејќи трката во Канада е по две недели – рече тој, пренесе Формула 1. Н.М.

































