Претседателот на Владимир Путин најави дводневен прекин на огнот во војната со Украина, кој треба да трае на 8 и 9 мај, по повод одбележувањето на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека Москва ќе возврати со масовен ракетен напад врз центарот на Киев доколку Украина се обиде да ја наруши прославата на Денот на победата. Притоа, руските власти упатија предупредување до цивилното население и странските дипломатски претставништва навреме да го напуштат градот.
Од украинска страна, иницијативата беше пречекана со скепса. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Киев засега нема добиено официјален предлог од Москва и ја оцени најавата како несериозна.
Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, ја отфрли иницијативата, нарекувајќи ја „уште една манипулација“.
Според украинските власти, целта на Москва е да обезбеди непречено одржување на традиционалната воена парада во Москва по повод Денот на победата, без ризик од украински напади.

































