Во изминатите 24 часа во Министерството за внатрешни работи се евидентирани пет случаи на семејно насилство, при што две лица се лишени од слобода, информираат од МВР.
Во Гостивар, полициски службеници го привеле 31-годишниот А.М., откако неговата сопруга пријавила дека во семејниот дом ја нападнал физички и ѝ упатувал закани по животот. Во друг случај во истиот град, 35-годишниот Ѓ.Ш. бил лишен од слобода по пријава од неговата мајка за агресивно однесување, при што се спротивставувал и на полицијата.
Во Скопје, вчера, 19-годишна девојка пријавила дека на 2 мај годинава, во дом на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот татко З.Ѓ.
Исто така, вчера во СВР Скопје, 75-годишна жена пријавила дека на 3 мај годинава, во дом на подрачјето на Кисела Вода, била физички нападната од нејзиниот син С.Ѓ. и неговата сопруга, при што бил оштетен и дел од покуќнината.
Во СВР Тетово, вчера, 30-годишна жена од Тетово пријавила дека околу 6.50 часот во Тетово, нејзиниот поранешен партнер С.К. од Скопје ја следел и вознемирувал.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и дека по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
































