Американскиот претседател Доналд Трамп и јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска имаа телефонски разговор посветен Северна Кореја.

Тие постигнале согласност да бидат во тесна координација пред средбата меѓу Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, која треба да се одржи на 12 јуни во Сингапур.

Американскиот претседател и јапонскиот премиер се осврнале и на неодамнешната посета на американскиот државен секретар Мајк Помпео на  Пјонгјанг.

Тие потенцирале дека ќе ја продолжат трипартитната соработка на САД, Јапонија и Јужна Кореја за севернокорејското прашање и истакнале дека заедничка цел им е откажување на Северна Кореја од „нелегалните програми за создавање на оружје за масовно уништување и на балистички ракети“.