Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран ја преминал црвената линија, кога  истрелал ракети од Сирија врз израелскиот дел од Голанската Висорамнина.

Тој ракетен напад, чие потекло се уште не е потврдено, беше проследен со израелски напади врз иранските позиции во Сирија. 

Според Нетанјаху, ниту еден од проектите не стигнал до Израел.

– Водиме продолжена битка. Целта ни е јасна: нема да допуштиме Иран да се утврди воено во Сирија, напиша Нетанјаху на Твитер.

– Ќе удриме стопати повеќе од сите кои не напаѓаат. И ќе дејствуваме против оние кои се подготвуваат да не нападнат, пред тоа да го сторат. Тоа сме го правеле и ќе продолжиме да го правиме, рече Нетанјаху.