Изгореа ли и плановите за реконструкција на „Копанки“

Само во случај доколку ПСД „Пелистер“ ѝ го отстапи домот на општината, дали под концесија или во владение, тие ќе можат со пари од буџетот истиот тој да го реконструираат Кога пред повеќе од пет години, поточно на 29 јануари 2013 година речиси до темел изгоре планинарскиот дом „Копанки“, сите надлежни институции и ненадлежни поединци, здруженија, клубови, планинарски друштва од...

„Кембриџ аналитика“ поднесе барање за доброволен стечај

Компанијата „Кембриџ аналитика“ во однос на спорот за заштита на личните податоци на социјалната мрежа Фејсбук поднесе барање за доброволен стечај пред судот во Њујорк. Компанијата располага со имот од 100.000 до 500.000 долари, а обврските се од еден до 10 милиони долари. „Кембриџ аналитика“ претходно изјави дека ќе престане со работа и ќе започне постапка за стечај.

МНТ со „Ничија земја“ на фестивал во Благоевград

Македонскиот народен театар утре со претставата „Ничија земја“ во режија на Александар Морфов ќе настапи на 6. Меѓународен театарски фестивал „Тара-ра-бумбиа" во Благоевград, Бугарија. Оваа година во фокусот на фестивалот се младите автори и експерименталната младинска програма и ќе бидат прикажани претстави со класични и современи текстови. - „Тара-ра-бумбиа“ е единствениот од ваков вид театарски фестивали во Бугарија, чија мисија е...

Македонско -британските врски посилни од кога и да е

По деветнаесет години, откако земјава ја посети поранешниот британски премиер Тони Блер во екот на косовската бегалска криза, во земјава повторно доаѓа британска делегација предводена од премиерката Тереза Меј. По тој повод, од кабинетот на британската премиерка информираат дека билатералните односи на двете земји се посилни од кога и да е. - Оваа година кога одбележуваме 25 години од дипломатските односи...

Ќе се подобрува исхраната во основните училишта

Министерството за образование и наука информира дека во рамки на проектот за подобрување на исхраната на децата во предучилишните установи и основните училишта, кој се реализира во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ, унапредена е содржината на Правилникот за стандардите за исхраната и за оброците во основните училишта. Изготвено е Упатство за негова правилна примена, а дополнително е креирана и...

Сергеј Скрипал излезе од болница

Поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал денеска излезе од болница, два месеца откако беше отруен со нервен гас. Скрипал и неговата ќерка Јулија беа пронајдени во бессознание во англискиот град Солзбери на 4 март и повеќе недели беа во критична здравствена состојба. Јулија побрзо заздраве од нејзиниот татко и беше отпуштена од болница минатиот месец. Скрипал и неговата ќерка се префрлени на тајна...

Заемно совпаѓање околу само една опција

Разговараме суштествено и разгледавме повеќе опции, една од опциите е прифатлива за двете страни, следуваат брифирања со сите релевантни политички партии во двете државите и презентирање на можното решение. Ако решението е прифатливо за двете земји, ќе имаме решение, истакна премиерот Заев по средбата со Ципрас Вчерашниот ден, на кој православните христијани го празнуваа Спасовден, донесе бурна меѓународна дипломатска активност...

Прекината постапката за стечај на Балкан енерџи

Основниот суд Скопје 2 донесе решение со кое ја прекина постапката за отворање стечај на компанијата Производство на топлина Балкан енерџи од Скопје, информираат од компанијата. - Во образложението на решението на надлежниот суд стои дека ваквата одлука е донесена откако до Судот се доставени докази дека компанијата ги има подмирено сите финансиски обврски и оти нејзините банкарски сметки не...

Никогаш не сме застанале во потрагата по вистината за загинувањето на Калина и Александар

„Нова Македонија“ активно се вклучи во новинарско истражување на сите елементи од оваа трагедија при што дојдовме до цела низа сознанија, од кои дел споделивме со јавноста веднаш по нивното утврдување. Со официјалното почнување на истрагата, кое се совпадна со замолницата од нивните семејства кон нас како медиум, во нејзин интерес решивме сите новинарски истражувања да не бидат прекинати,...

Арсовска: Обединет регионален пазар е наша иднина

Спроведување на економските реформи за привлекување инвестиции, поддршка за проекти кои ќе ја подобрат транспортната и енергетската инфраструктура, можности за зголемување на средствата од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан, обединување на земјите од регионот, поголема соработка меѓу владите и стопанствениците, како и заеднички инвестиции во функција на раст и стабилност е фокусот на економскит...