Кабинет на Ципрас: Ерга омнес со уставна ревизија е неопходен предуслов за да постои договор

Дискусијата за било какво име е празна содржина, ако прво не се исполнат предусловите на Владата, коментираат од кабинетот на грчкиот премиер во врска со натписите во медиумите и ги споменуваат грчките позиции за ерга омнес име и уставна ревизија. Во соопштението испратено до медиумите, ја повторуваат вчерашната изјава на Алексис Ципрас по средбата со Зоран Заев дека поминат е...

Вучиќ: Не сум оптимист во врска со Косово

Србија ќе вложи големи напори за постигнување компромис за Косово, но не сум оптимист дека ќе се најде решение, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за шпанскиот весник „Паис“. - Тоа не е лесно. Сè уште постои многу голема омраза, но треба да се обидеме да најдеме компромис - нагласува Вучиќ. Тој додава дека и покрај расположението на Србија...

Ѕанакопулос: Многу имиња се најдоа на маса, ништо не е конкретизирано

Министерот без ресор на Грција и портпарол на Владата, во интервју за грчкото радио „Алфа 989“ одби да ги коментира натписите во медиумите дека Илинденска Македонија е предлогот од македонска страна. Димитрис Ѕанакопулос, рече дека многу имиња се нашле на маса, но сè уште двете страни не стигнале до конкретно име. - Многу имиња се најдоа на преговарачката маса. Во овој...

Заев за утре закажа лидерска средба, ќе брифира за преговорите за името

Премиерот Зоран Заев за утре свикал лидерска средба за да ги информира лидерите на партиите за деталите од средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас и за можноста да се даде шанса за евентуално решение што би било прифатливо за двете страни. -Би сакал да се запази редот, да има информирање за деталите. Прво да му ги соопштам на претседателот на...

Нов еколошки автобус се вклучува во јавниот превоз во Скопје

ЈСП-Скопје денеска потпиша договор со компанијата МАН Импортер Македонија, ексклузивен увозник на МАН за македонскиот пазар, за пробно користење автобус од типот Lion`s City A21 кој користи природен компримиран гас т.н. CNG. Новиот автобус во сообраќај ќе биде пуштен од утре и ќе сообраќа на линијата со број 5. Има капацитет за превоз на 85 патници. - Новиот автобус е...

Прилепскиот Музеј утревечер ги отвора вратите за посетителите

Прилепскиот Завод и Музеј се вклучува во манифестацијата „Ноќ на музеите“. Утревечер од 19 часот па се до 1 по полноќ, по повод денот на музеите ќе бидат отворени шесте објекти на Заводот и Музеј во Прилеп. Ова денеска го соопшти в.д. директорот на прилепската институција Благоја Атанасоски. Посетителите ќе можат да ги посетат Меморијалниот музеј 11 Октомври, спомен...

Кривична пријава против поранашен градоначалник на Демир Капија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Т.Д. (60), поранешен градоначалник на Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството во редовниот деневен Билтен. Во периодот од 2011 година до септември 2017 година пријавениот, како градоначалник на Демир Капија, овозможил на вработените И.В. (43) и Р.Д....

СЗО: Дваесет и пет лица починати од ебола во ДР Конго

Бројот на починати од ебола во Демократска Република Конго се искачи на 25 од вкупно 45 случаи, меѓу кои има уште 14 пациенти, кај кои е потврдена заразата, соопшти Сведска здравствена организација (СЗО). Епидемијата, која изби на почетокот на месецов во руралното подрачје во северозападниот дел на ДР Конго, се прошири на Мбандака, град со околу 1,5 милиони жители, кој...

Во Битола обид за обљуба на 15-годишно девојче од роднина

Петнаесетгодишно девојче од Битола, во присуство на нејзината мајка, синоќа во СВР Битола во присуство пријавило дека Ѓ.Б. (46) од Битола, кој бил нивен подалечен роднина, се обидел да изврши други полови дејствија врз неа. Според пријавата, Ѓ.Б. вчера околу 14:30 часот дошол во нивниот дом и ја повикал да појде со него да и купи тренерки. Тргнале со такси...

Повеќе од 6.000 книги во библиотеката на Археолошкиот музеј на Македонија

Археолошкиот музеј на Македонија денеска ги промовира новите простории на најстарата и најголемата специјализирана археолошка библиотека во нашата држава. - Библиотеката ќе биде достапна за сите читатели, не само за научниците, археолозите, стручните лица, туку и за сите љубители на книгата и на историјата на културното наследство и архелогијата. Библиотеката располага со преку 6.000 книги - соопшти директорот на Археолошкиот...