Бројот на починати од ебола во Демократска Република Конго се искачи на 25 од вкупно 45 случаи, меѓу кои има уште 14 пациенти, кај кои е потврдена заразата, соопшти Сведска здравствена организација (СЗО).

Епидемијата, која изби на почетокот на месецов во руралното подрачје во северозападниот дел на ДР Конго, се прошири на Мбандака, град со околу 1,5 милиони жители, кој се наоѓа на реката Конго и е поврзан со Киншаса со многу речни врски. Тоа е девета епидемија на ебола во ДР Конго од 1976 година.

Ебола или хеморагична треска е многу е заразно и смртоносно вирусно заболување.