Металург втор финалист во Купот на Македонија
Екипата на Металург вечерва го совлада од битолски Еурофарм Работник со 28:21 и обезбеди финале во ракометниот Куп на Македонија, каде што утре ќе се сретне со Вардар.
Играчите на Металург го контролираа резултатот од самиот старт на средбата и во ниту еден момент не дозволија победата да им биде доведена во прашање.
По првите 30 минути скопскиот тим веќе имаше...
Ердоган: Целиот свет падна на испитот за Ерусалим
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска го критикуваше целиот свет за тоа што не успеал да се спротивстави на „израелското насилство врз невооружените Палестинци“ во Појасот Газа.
- Исламскиот свет падна на испитот за Ерусалим. Не само исламскиот свет, но и целиот свет падна на испитот за Ерусалим - рече Ердоган во говорот пред демонстрантите на плоштадот Јеникапи во Истанбул,...
Голем број жртви при падот на кубанскиот патнички авион
Авион од типот „Боинг 737-200“ на компанијата „Кубана де Авиасион“ со 104 патници и членови на екипажот се урна денеска набрзо по полетувањето од хаванскиот аеродром „Хозе Марти“.
Како што јави ДПА, авионот бил на лет од Хавана до градот Олгин во источниот дел на Куба.
Засега нема официјални информации за бројката на загинати, но според кубанскиот претседател Мигел Диаз-Канел,...
Физичка пресметка во косовското Собрание
Пратеникот на Демократската партија на Косово (ПДК) во косовското Собрание, Џавит Халити денеска за време на собраниската расправа го удри неговиот колега од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Арбен Гаши.
Како што јавија приштинските медиуми, посериозен инцидент спречиле останатите пратеници.
Ден по нивната жестоката вербална расправија на парламентарната седница, Халити, кој е еден од основачите на поранешната Ослободителна војска на...
Дијалог „Жан Моне“: Постигната согласност за придвижување на евроинтегративниот процес
Претставниците на парламентарните партии во македонското Собрание на првата средба во рамки на дијалогот „Жан Моне“ одржана во Охрид постигнаа согласност за промоција и придвижување на интегративниот процес кон ЕУ.
Истовремено, соговорниците се согласија за спроведување институционални реформи, меѓу кои и оние што се однесуваат на Собранието како институција од која граѓаните очекуваат да испорача резултати на евроинтегративниот пат.
Во заклучоците...
Вардар се пласираше во финалето на Купот на Македонија
Вардар рутински го совлада Пелистер со 27:46 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија.
На завршниот турнир, кој се игра во салата „Младост“ во Битола, Пелистер не го искористи домашниот терен и претрпе огромен пораз од 19 поени разлика.
Домаќините во првите неколку минути пружија посериозен отпор и имаа дури водство од два гола, но Вардар очекувано и без проблеми...
Се урна кубански патнички авион, има жртви
Авион од типот „Боинг 737“ на компанијата „Кубана де Авиасион“ се урна денеска набрзо по полетувањето од хаванскиот аеродром „Хозе Марти“.
Како што јави Си-Ен-Ен, авионот бил на лет кон Гвајана, а во него се наоѓале 107 патници и членови на екипажот.
Според американската телевизија, во несреќата има жртви.
Напад врз училиште во Тексас, најмалку 10 мртви
Најмалку десет лица загинаа денеска, а десет други се ранети при напад во средно училиште во градот Санта Фе во Тексас, соопшти вечерва гувернерот на оваа американска сојузна држава Грег Абот.
Според Абот, станува збор за „еден од најгрозоморни напади во училиште што некогаш се случиле во историјата на Тексас“.
Локалниот полициски шериф Ед Гонзалес претходно соопшти дека „најголемиот број од...
Експлозија на воен аеродром во Сирија, најмалку 11 загинати
Најмалку 11 сириски војници загинаа денеска при серија експлозии на воениот аеродром во градот Хама во северозападниот дел на Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
- Силни експлозии одекнуваат во складиштата за оружје и гориво на воениот аеродром во Хама. Загинаа најмалку 11 лица..., а десетици други се повредени или се сметаат како исчезнати - изјави директорот...
Осум лица осудени во Косово поради планирање на напади врз израелската фудбалска репрезентација
Косовски суд денеска осуди осум мажи на вкупно 35 години и шест месеци затвор поради планирање напад врз тимот на израелската фудбалската репрезентација во Албанија, во текот на квалификациските натпревари за Светско првенство во 2016 година.
Осудените одделно добија од 18 месеци до 10 години затвор. Деветтиот обвинет во процесот доби парична казна од 2.500 евра.
Според Обвинителството, групата...





































