Оружје за машко уништување

Нуклеарните оружја станаа симбол на машката моќ. Во изминатите неколку месеци, Ким Јонг и Трамп јавно се фалеа за „големината“ на нивните копчиња и за моќта на нивниот арсенал. За да не остане зад нив, Путин ја уверуваше Русија дека всушност тој ги поседува најмоќните нуклеарни оружја Беатрис Фин Како застапничка на идејата за повлекување на нуклеарното оружје, ќе зборувам отворено...

Свечената церемонија на кралската венчавка – од „Сент Џорџ“ до „Фрогмор хаус“

Венчавката на принцот Хари и на американската актерка Меган Маркл ќе се одржи во капелата „Сент Џорџ“, по што ќе следи поворка со кочија низ Виндзор, за прославата да продолжи во Виндзорската палата. Вечерниот прием ќе биде организиран во резиденцијата „Фрогмор хаус“.

Лион поднесе жалби против Марсеј за оштетувања на стадионот

Францускиот фудбалски клуб Лион поднесе неколку жалби против Олимпик од Марсеј заради штетата направена на стадионот за време на финалето на Лига Европа. Лион навел подолг список со оштетувања на стадионот, кои опфаќаат врати, светилки и систем за видео надзор. Клубот соопшти и дека е потребна замена на 105 седишта оштетени на делот на трибините каде што навивачите на Олимпик го...

Облачно со локални врнежи од дожд

Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има и ретка појава на грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дива слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Дневните температури ќе се движат во интервал од 16 до 26 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 24 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. В недела ќе преовладува...

Фенербахче и Реал Мадрид ќе играат во финалето на Евролигата

Кошаркарите на Фенербахче ќе го бранат трофејот во Евролигата во финалето на Фајнал форот во Белград, откако вечерва го победија Жалгирис со 76:67 (19:13, 20:20, 15:17, 22:17). Екипата на Жељко Обрадовиќ ја оправда улогата на фаворит против жилавиот Жалгирис и ја однесе победата во преполната арена во Белград, која беше целата обоена во жолто заради големиот број на турски навивачи. Реал...

Платини: Имаше мало местење на ждрепката на СП во Франција

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, за француските медиуми изјави дека на Светското првенство во Франција во 1998 година било наместено домаќините и Бразил да играат дури во финалето. Платини, кој беше еден од првите луѓе во организацијата на овој Мундијал, наведува дека употребиле мала итрина, што според него ја употребуваат сите домаќини на првенството. - Кога го организиравме календарот со...

Предлогот „Република Илинденска Македонија“ неприфатлив за Нова демократија

Грчката опозициска партија Нова демократија соопшти дека името „Илинденска Македонија“ е неприфатлив предлог што ги поттикнува иредентистичките барања на Скопје. Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави во парламентот дека ниту еден предлог не е конечен, јавува Ројтерс.

Најмалку 110 загинати при падот на кубанскиот авион

Најмалку 110 лица загинаа денеска при уривање на авион од типот „Боинг 737-200“, набрзо по полетувањето од хаванскиот аеродром „Хозе Марти“. Како што јави ДПА, авионот на мексиканската компанија „Дамох Аеролинес“, изнајмен од кубанскиот авиопревозник „Кубана де Авиасион“, бил на лет од Хавана до градот Олгин во источниот дел на Куба. Според кубанските државни медиуми падот на авионот го преживеале...

Водителка од Кувајт доделила комплимент на колега, па ја суспендирале од работа

Водителка на национална кувајтска телевизија е суспендирана откако еден од своите колеги во емисија го нарекла згоден. Таа за време на преносот од изборите му дофрли на колегата дека треба да престане да ја мести марамата, бидејќи и онака е веќе згоден. Иако многумина застанаа во одбрана на водителката сметајќи дека шегата била ненамерна и таа погрешно се изразила, сепак таа...

ММФ го одложи аранжманот со Србија

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Србија, предводена од Џејмс Руф и српската Влада не постигнаа договор за нов аранжман, објави белградска „Политика“. Преговорите се очекува да завршат во јуни, а според неофицијалните информации од "Политика", аранжманот е договорен само во принцип, но од процедурални причини, конечниот договор сега не можел да се постигне. Главната причина, според "Политика", е тоа...