Гламурозна трансформација на домот

Ѕидовите се основата на секој дом. Тие се идеален дел што секогаш е подготвен за трансформација и дел што може да му даде нова нота на вашиот дом. Ѕидовите се еден вид празни сликарски платна подготвени за отсликување, украсување со уметнички слики, тапети и разни детали. Наједноставен начин на декорација на ѕидовите е бојадисувањето. Можностите се неограничени, од едноставни еднобојни...

ФА куп-финале: Челси – Манчестер Ј. за „спас“ на сезоната

Мечот се игра на стадионот „Вембли“ во Лондон Во вечерашното 137. финале на англискиот ФА-куп, најстарото куп- натпреварување во светот (се игра од 1872 г.), на стадионот „Вембли“ во Лондон (18.15 ч.), ќе се сретнат Челси и Манчестер јунајтед. За Челси, кој седум пати го освојувал купот, ова ќе биде второ финале по ред (вкупно 13-то), по она лани во кое...

Гутереш на средба со Трамп за состојбата на Блискиот Исток и Корејскиот полуостров

Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш синоќа во Вашингтон имаше средба со американскиот претседател Доналд Трамп. - Двајцата разговараа за состојбата на Блискиот Исток и Корејскиот полуостров, како и за реформите на светската организација, соопшти Кабинетот на  Гутереш. Тој му се заблагодарарил на Трамп за поддршката што САД ја дава за работата на ООН. Претходно Гутереш разговараше и со советникот на...

Одбојкарите по три сребра одат на прво злато

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија со утрешниот прв натпревар во групата А, против Косово, на гости во Урошевац (сала „Бил Клинтон“, 16.30 ч.) ја почнува новата кампања во Европската лига, која од годинава има ново име, Сребрена европска лига. Противници на Македонија во групата А, покрај Косово, се Австрија и Летонија. Во групата Б се Хрватска, Унгарија, Белорусија и Албанија. Домаќин...

Манчестер јунајтед заработил повеќе од шампионот Манчестер сити

Манчестер јунајтед, кој заврши на втората позиција, заработил 171,2 милион евра, односно 375.480 евра повеќе од градскиот ривал Манчестер сити Во неодамна завршената 2017/2018 сезона, Манчестер јунајтед заработил повеќе пари од шампионот во Премиер-лигата, Манчестер сити, кој, пак, имаше фантастична првенствена кампања во која освои рекордни 100 бода. Манчестер јунајтед, кој заврши на втората позиција, заработил 171,2 милион евра, односно 375.480...

Лавров: Се надеваме дека САД не планираат напад на Иран

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија се надева оти повлекувањето на Вашингтон од нуклеарната спогодба со Иран нема никаква врска со плановите за напад на Техеран или обид за смена на сегашниот режим. - Тешко е сега да се предвиди како ќе се одвиваат настаните. Ние би сакале да се надеваме дека американското повлекување од договорот не е...

Фудбалот и Рамазан – да се пости или не?

За повеќе од 100 фудбалери од неколку претежно муслимански и од други земји наредните 30 дена ќе бидат период на интензивни подготовки за можеби најбитните денови во нивните професионални кариери - финалниот турнир на СП во Русија За повеќе од една милијарда муслимани низ светот изминатиов четврток почна Рамазан. Тоа беше почеток на едномесечниот задолжителен пост, на воздржување од храна...

Трансатлантскиот сојуз е мртов

Европа живееше долг и исполнет партнерски живот со Америка, но сега е време за нов почеток Џејмс Трауб Атлантската алијанса, изградена како контраодговор на Советскиот Сојуз по Втората светска војна, почна да изумира кога престана Студената војна. Она што го одржуваше во живот во изминатите три децении помалку беше стратегиската потреба отколку конвергентноста на вредностите, поточно вредностите на либералниот повоен поредок....

Заев-Анѓушев: Домашните инвестиции охрабруваат и ја движат економијата напред

Домашните инвестиции охрабруваат и ја движат економијата напред, оценил премиерот Зоран Заев, при вчерашната заедничка посета со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на компанијата „Подгорка“ во Струга. Владината прес-служба денеска соопшти дека на средбата со раководството на компанијата, премиерот истакнал дека Владата останува партнер во создавањето на поволни услови за раст и развој на бизнис секторот.  -  Охрабруваат ваквите решителни инвестициски...

Каде се наоѓаат милионите раселени Сиријци

Најмногу раселени надвор од Сирија има во Турција и во Либан, а во Европа најмногу има во Германија и во Шведска По седум години војна и насилства, раселени се околу 13 милиони Сиријци, проценува истражувачкиот центар „Пју“. Пропорционално гледано, шест од десет Сиријци се раселени. Ниедна нација во изминатите неколку децении не се соочила со толкав голем процент на раселено...