Владата не го продава уделот во Телеком

Владата на Република Македонија не го продава уделот на државата во Македонски Телеком, а таква информација немаме ниту од партнерите од Дојче Телеком, информираат за МИА од Владата. Оттаму додаваат дека сега веќе поранешниот главен извршен директор Андреас Елснер самиот поднел оставка и оти тоа е негова лична одлука која не ја коментираат. - Во насока на поголема ефикасност на работењето...

Прифатени измените на Изборниот законик, ќе се бира привремен состав на ДИК

Собранието денеска во продолжение на 46. седница го донесе Предлог на закон за изменување на Изборниот законик. Законските измени ги поддржаа 80 пратеници, ниту еден не беше „против“ и немаше воздржани. Овие измени се усогласени од пратениците од владејачкато мнозинство и опозицијата, и се најавени како времено решение до есен, до кога, како што е најавено, треба да бидат усогласени...

АД ЕЛЕМ ќе бара од Регулаторната комисија намалување на производната цена на струјата

Благодарение на доброто работење на менаџментот на АД ЕЛЕМ во минатиот период, намалените трошоци, оптималното искористување на производните капацитети и продажбата на вишок на елекрична енергија, кои беа направени во минатиот период, овозможија АД ЕЛЕМ во барањето за определувањето на максималниот акумулиран приход за 2018 година, до Регулаторната комисија да побара намалување на производната цена на електрична енергија за...

Кандидатот за нов италијански премиер обвинет за фалсификување на биографијата

Кандидатот кого антиинституционалното Движење Пет ѕвезди (М5С) и десничарската популистичка партија Лига го предложија за нов италијански премиер, Џузепе Конте, е обвинет за фалсификување на професионалната биографија и за преувеличување на своите научни постигнувања. Сомнежите се појавија откако беше доведена под сомнеж неговата академска наобразба на Њујоршкиот универзитет. Портпаролка на Универзитетот во изјава за „Њујорк Тајмс“ тврди дека „лице со такво...

Се обновува електричната мрежа за осветлувањето во паркот во Кавадарци

Почна обновувањето на електричната мрежа од јавното осветлување во градскиот парк во Кавадарци. Како што соопштуваат од Службата за односи со јавноста при општината, во наредниот период ќе се работи на целосна обнова на подземната електрична мрежа и тоа на потегот од влезот во паркот пред „Бриони“, се до платото на Спомен костурницата. - Со завршувањето на работите, патеките во паркот...

„Витаминка“ се претстави на најголемиот саем во Азија, СИАЛ во Шангај

Македонската компанија „Витаминка“ со своите производи се претстави на најголемиот саем во Азија , СИАЛ во Шнагај. На трите саемски дена, исполнети со бројни случувања во насока на унапредување на продажбата и презентацијата, „Витаминка“ уште еднаш успеа да се претстави со квалитет, препознатливост и идентитет на Стоби флипс, Цевитана, Атлантис и останатите брендови. Витаминка, веќе неколку пати има направено испораки...

Кичево зафатено од силно невреме

Во раните попладневни саати, Кичево и околината ги зафати силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд, силни електрични празнења и град со помал интензитет. За час улиците во градот се претворија во вистински реки, а на многу места поради немање или неисправна канализациска мрежа се создадоа и мали езерца. Проблемот со недоволната пропусна моќ на канализациската мрежа,...

Индустријата најмногу користи изворска вода, а ја испушта во јавна канализација

Од испуштените отпадни води од индустријата скоро целата количина или 92 проценти оди во јавна канализација, пет проценти во земјата и три проценти во акумулации, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци од вкупно испуштените води, пречистени се 0,34 проценти. Вкупното количество користена вода во 2016 година изнесува 3.699 милиони метри кубни. Според потеклото на водата за снабдување на претпријатијата, најголемото...

Ф-35 првпат во акција: Израелците тврдат дека ги користеле во воени акции

Израел е првата држава во светот што го користела американскиот борбен авион Ф-35, повеќенаменски борбен авион, во воени операции, соопшти денеска првиот човек на израелските воздушни сили Амикам Норкин на официјалниот Твитер профил. Како што пренесува Ројтерс, медиумите во Израел го цитираат генералот Норкин, кој се сретна со шефовите на воздушните сили на 20 други држави. - Летаме со Ф-35 преку...

Концерт на Феми Кути на отворено во Градски парк

Македонската филхармонија, во соработка со кино „Милениум“ и Град Скопје на 6-ти и 7 јуни под отворено небо во Градскиот парк ќе организира настани по повод завршувањето на официјалната концертна сезона. На 7 јуни од 21 часот на концертот насловен „Филхармонија на отворено“, под диригентство и во аранжмани на Џијан Емин, ќе настапи нигериската музичка ѕвезда Феми Кути. Дел од неговата музика,...