Ковачев: Спорот околу името би можел да се реши само ако двете страни одлучат да престане
Предлогот Република Илинденска Македонија не изненади, а и никој од нас во Бугарија не беше консултиран. Многу е важна неговата интерпретација, дали алудира на првиот Илинден или на оној вториот, комунистичкиот, изјави за МИА бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
Според Ковачев, долгогодишниот спор околу името би можел да се реши само ако двете страни, Македонија и Грција, одлучат да престане.
За бугарскиот...
Груевски ќе ја слушне пресудата за „Тенк“
Пресудата за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство ќе биде објавена денеска во Кривичниот суд.
Специјалното јавно обвинителство на последното рочиште во завршните зборови за предметот „Тенк“ побара Судот да ги прогласи за виновни поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник-министер во МНР Ѓоко Поповски, како и да ги платат судските трошоци во висина од 313.160 денари.
Обвинителот Гаврил Бубески побара...
Русија нема да дозволи масовни тепачки на Мундијалот
Руските власти нема да дозволат масовни борби меѓу навивачите на претстојниот Мундијал. Ова го изјави Игор Зубов, заменик-министерот за внатрешни работи на Русија.
Тој прокоментира напис во весникот „Дејли Стар“ според кој британските навивачи планираат „да направат Трета светска војна“ на претстојниот Мундијал.
- Многу смела изјава. Тоа што се случи на Европскиот шампионат во Франција пред две години, такви големи...
ЕУ: Изборите во Венецуела не ги исполнија стандардите
Изборите во Венецуела, на кои Николас Мадуро освои нов шестгодишен претседателски мандат, не ги исполнија меѓународните стандарди, соопшти денеска Европската унија и порача дека го разгледува својот одговор.
- ЕУ и нејзините држави членки ќе разгледаат усвојување адекватни мерки, се наведува во соопштение на Унијата, но не се образложува каков ќе биде одговорот.
Во соопштението се оценува дека претседателските и регионалните...
Над илјада мигранти по грешка добиле азил во Германија
Во интерен извештај на германската Сојузна канцеларија за миграции и бегалци (БАМФ) се посочува дека на над 1.000 мигранти им е доделен азилантски статус во Германија, иако не ги исполнувале условите за тоа.
- Постои загриженост дека на над 1.000 мигранти во Германија по грешка им е доделен азил, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер.
Според него, поради...
Денеска исплата на субвенции за овошје и градинарски култури
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ќе изврши исплата на 14 милиони денари субвенции за произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети, за произведени и продадени градинарски култури во преработувачки капацитети и за интервентните мерки за дополнителна субвенција од шест денари за килограм праски и два денара за килограм лубеници.
Од оваа сума околу 2,5 милиони...
„Спејс Екс“ лансираше седум сателити со „Фалкон 9“
Ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс Екс“ испрати два сателити за мапирање на гравитацијата за потребите на Американската вселенска агенција НАСА, како и пет комуникациски сателити за компанијата „Иридиум“, во орбитата, по лансирањето од воената база Ванденберг во Калифорнија, САД.
Компанијата „Спејс Екс“, која ја воведува новата генерација на технологијата „Фалкон 9“, прати и брод опремен со мрежа во Тихиот Океан,...
Турција ќе почне сопствена програма за обука на астронаути
Турција планира да почне сопствена програма за обука на астронаути, која ќе стартува веднаш откако земјата ќе ја комплетира изградбата на националната вселенска агенција во 2023 година, соопшти извор од турската Влада.
Според истиот извор, создавањето на вселенската агенција е „еден од важните приоритети на Владата“ во Анкара.
Анкара планира да потроши шест милијарди долари за овој проект, за кој законодавната...
МОБ потпиша меморандум за соработка со Националната опера и балет од Тирана
Македонската опера и балет и Националната опера и балет од Тирана денеска потпишаа меморандум за соработка, со кој е договорена меѓусебна поддршка, заедничка продукција и размена на искуства.
Документот е потпишан во Скопје на работната средба на в.д. директорот на МОБ Ќазим Асотиќ со директорката на Националната опера и балет од Тирана Зана Чела и уметничкиот директор Абигаела Воштина.
- Со потпишаниот документ...
Дождот создаде „улична река“ во Кичево
Улицата „11 септември“ во Кичево, беше целосно реконструирана минатото лето, од касарната до булеварот „Ослободување“, и според зборовите на општинарите, на улицата целосно била променета фекалната и поставена нова, засебна атмосферска канализација со цевки од поголем профил, за да има што поголема пропусна моќ.
Сепак, по денешните врнежи од дожд и сликата која таму ја видовме, состојбата е загрижувачка, бидејќи...






































