Црногорци уапсени со 69 килограми кокаин во Франција

Пет црногорски државјани се уапсени во Франција откако полицијата во нивниот автомобил пронашла 69 килограми кокаин, вреден околу 2,5 милиони евра. Според францускиот весник „Ле Поинт“, полицајците очекувале Црногорците да шверцуваат оружје, но сепак пронашле кокаин. Полицијата го запрела автомобилот со кој уапсените се враќале од Шпанија, и после неколку часа претрес пронашле 69 килограми кокаин во пакувања од по еден...

Нови рочишта за „Траекторија“ и „Тарифа“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на СЈО „Траекторија“ и „Тарифа“. Во случајот „Траекторија“ обвинети се четири службени лица - поранешни високи владини функционери. Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните...

Папастатопулос на чекор до трансфер во Арсенал

Неколку дена откако Унаи Емери беше назначен за нов тренер на Арсенал, лондонскиот клуб се очекува во текот на оваа седмица да постигне договор со Борусија од Дортмунд за обештетување на грчкиот одбранбен играч Сократис Папастатопулос. Арсенал и понудил на Борусија 13 милиони фунти за трансферот на Папастатопулос, додека од германскиот клуб побарале уште три милиони. Доаѓањето на грчкиот одбранбен играч...

Без вода делови на Чаир и Центар

Без вода денеска од 9.00 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците од Т.Ц. „Мавровка“, во општина Чаир. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради дефект на шибер од Ф-100 мм на булевар „Гоце Делчев“ кај Т.Ц. Мавровка. Поради уличен дефект ф-80. денеска од 08:30 часот до санирање на дефектот ќе...

„Волстрит џурнал“: САД со нов пакет санкции за Северна Кореја

Американското Министерство за финансии подготви нов пакет санкции за Северна Кореја, со кои ќе бидат засегнати руски и кинески компании, објави весникот „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на двајца неименувани претставници на американската администрација. Весникот наведува дека со новите санкции ќе бидат опфатени повеќе од 30 компании од Русија и од Кина. Целта на санкциите е да се ограничат странските приливи...

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните југоисточните планински делови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат од 22 до 32 степена. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Само 13 жени меѓу 100-те уметници со највредни дела на аукциите

Меѓу 100-те уметници чии дела достигнаа највисока вредност на аукциите во текот на 2017 година има само 13 жени, покажуваат податоците на информациониот сервис за аукции „Мјучуал арт“. Највисока цена постигнале делата на јапонската уметница Јајои Кусама - 65,6 милиони долари и таа се наоѓа на 13-то место на листата од стоте најпродавани уметници. Исто така 89-годишната Кусама е единствената...

Романските работници ја напуштаат земјата

Над 19 отсто од работноспособните Романци, на возраст меѓу 20 и 64 години, живеат во друга земја-членка на Европската унија, покажуваат податоците на „Евростат“. Истражувањето, што беше објавено денеска, покажа дека 3,8 проценти од работноспособните лица од земјите-членки на ЕУ, не живеат во нивните родни земји. Состојбата е различна речиси во сите земји-членки на ЕУ, на пример, во Германија...

Францускиот милијардер и индустријалец Серж Дасо почина на 93 годишна возраст

Францускиот милијардер, индустријалец и конзервативен политичар Серж Дасо почина денеска на 93- годишна возраст во Париз, информираа од Дасо групацијата. Оваа групација ја контролира „Дасо авиасион“ (Dassault Aviation), весникот „Фигаро“, го има мнозинскиот пакет во „Дасо Системс“ и „Талес“, како и помали акции во неколку други француски компании. „Дасо груп“ е најпозната по борбените авиони „Рафал“. Серж Дасо, кој пред...

„Кока-кола“ го лансираше првиот алкохолен пијалак во Јапонија

„Кока-кола“ денеска во Јапонија го лансираше својот прв алкохолен пијалак, со вкус на лимон, во обид да освои нови пазари и потрошувачи. Американската компанија денеска пушти во продажба три вида на пенлив пијалак со вкус на лимон, со три до осум проценти алкохол, пренесува Би-Би-Си.