„Скај“: Неколку фази до комплетен договор за името

Доколку премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во клучниот телефонски разговор во следните денови стигнат до решение за името и закажат средба во Преспа за официјализирање на договорот, потоа ќе следат неколку фази до ратификацијата на спогодбата во двата парламента. Дел од грчките медиуми, меѓу кои и телевизијата „Скај“, ги објавија чекорите до финализирање на договорот....

Загинаа двајца новинари на терен

Телевизиски новинар и снимател во американската држава Северна Каролина загинаа вчера откако дрво падна врз нивниот автомобил додека известувале за последиците од невремето во округот Полк, на 150 километри западно од Шарлот. Водителот на вестите во телевизија „WYFF“  Мајк Макормик и снимателот Арон Смелцер загинаа од ударот на паднатото дрво врз нивниот џип, додека се движеле по автопатот, соопшти телевизијата. Шефот...

Како се луксузирале косовските пратеници

Само во последните четири месеци од минатата година пратениците во косовското Собрание примиле 1,3 милиони евра на име плати и дневници. Потрошиле 30 илјади евра на службени ручеци, околу 22 илјади евра за телефонски трошоци, а за патувања и дневници во странство добиле околу 30 илјади евра, јавува дописникот на МИА од Приштина. Според финансиските извештаи, кои ги анализира весникот...

Селфиња, метеж и Меси

Безмалку 30 илјади навивачи го следеа тренингот на фудбалската репрезентација на Аргентина, во Буенос Аирес во неделата, во рамките на подготовките за Светското првенство во Русија. - Меси беше како во бања, поради пареата создадена од бројните навивачи - напиша „мундодепортиво“. Станува збор за рекордна посетеност на тренинг на аргентинската репрезентација, а поголемиот број од присутните беа деца кои извикуваа „Меси,...

„Рок класика“ – концерт на гудачкиот квартет „Вива Стрингс“ во Кичево

Во големата сала од Центарот за култура во Кичево, синоќа концерт одржа гудачкиот квартет Вива Стрингс, насловен „Рок класика“. Концертот се состоеше од изведба на познати нумери на најпознатите пејачи и групи од светот од седумдесетите и осумдесетите години, како АБА, Мајкл Џексон, Ерик Клептон, Квин, Стинг и други. Стотината присутни со големо внимание го проследија овој концерт, кој како...

Фото: Животни судбини

И додека административците добро заседнати во своите фотељи го поминуваат својот работен ден, големо стадо овци во беспрекорен ред и по силен дожд го поминува долгиот пат за Бистра и попатно поминува и крај општинската зграда во Кичево. Овците и некако можат да го поднесат дождот, но сироти овчари добро натопени од поројниот дожд, преживуваат вистинска голгота на ова повеќедневно...

Студент загина во антивладините протести во Никарагва

Еден студент загина, а 41 лице се повредени откако вооружени мажи го нападнаа универзитетот кој младите го окупираа во рамките на антивладините протести во главниот град на Никарагва, соопшти доцна синоќа организацијата „Амнести интернешнел“. Студентите имаат клучна улога во протестите против Владата на претседателот Даниел Ортега, кои почнаа на 17 април. Тоа е четврти универзитет кој е окупиран од страна...

Прв состанок на Советот НАТО-Русија по случајот „Скрипал“

НАТО во четврток првпат ќе одржи официјални разговори со Русија од обидот за убиство со труење на поранешниот двоен агент на Кремљ и Велика Британија, во момент кога сè повеќе растат тензиите со Москва, јави АФП. - Состанокот на Советот НАТО-Русија ќе се одржи на 31 мај – соопшти Оана Лунгеску, портпарол на Алијансата. Овој седми по ред состанок во последните...

Лазаров: Играњето за националната репрезентација е чувство кое не може да се опише

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров изјави дека е горд кога го носи дресот со националните бои. - Играјќи за мојата репрезентација е чувство кое не може да се опише. Со години играм со страст и пасија која не може со зборови да се опише. Ако се вратам назад 20 години сигурно некои работи ќе направев поинаку. Кога си...

Околу 40 лица осудени за тероризам ќе бидат ослободени од француските затвори

Францускиот обвинител за борба против тероризмот Франсоа Моленес изјави дека околу 40 лица осудени за тероризам ќе бидат ослободени од француските затвори оваа година и на почетокот на следната. Медиумите оцениваат дека многу тешко ќе се одвива реинтеграцијата во општеството на оние лица кои не се покајале за своите дела. Во изјавата за телевизијата Бе-Еф-Ем, Моленс оцени дека Франција се...