Битола претворена во ликовно студио и галерија под ведро небо
Веќе стана вообичаена слика. Цели 37 години, секој 24 мај, на денот кога се слави празникот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, Битола се претвора во отворено ликовно студио и во галерија на детски ликовни творби од целиот свет под ведро небо.
Навистина беше вистинско задоволство и уживање да се биде деновиве во Битола и да се видат 80 млади...
Охридско 18 сантиметри над дозволениот максимум
Нивото на Охридско Езеро е 18 сантиметри над дозволениот максимален водостој, додека на Дојранското 15 сантиметри.
Според денешните хидролошки мерења, реките не бележат поголеми отстапувања од месечниот просек, освен Црна кај Новаци чие ниво е преполовено.
Усогласиме, не ускладиме!
Девојките и момчињата, кога станува збор за летниот распуст, веќе се во завршни преговори и подготовки.
Ленче и Миле… телефонски разговор.
- Миле, мора да ги ускладиме сите работи. Ако доаѓате кај мене, не сакам да се влечите ко црева. Знаеш, дома е баба ми. Кажи ми во колку часот да ве чекам?
Овде, погрешниот збор е ускладиме. Ускладување. Значи, драги мои,...
Ди Марија сака да игра за Атлетико Мадрид
Играчот за врска на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија сака да се врати во Шпанија, во тимот на Атлетико Мадрид.
Како што пренесува „АС“, Аргентинецот е близу до трансфер во Атлетико.
Според изворот, самиот играч би сакал да работи под водство на тренерот на „јорганџиите“ и негов сонародник Диего Симеоне.
Исто така, и тренерот е заинтересиран за услугите на Ди Марија,...
Најмалку 27 ракети и проектили истрелани од Појасот Газа кон јужен Израел
Најмалку 27 ракети и проектили денеска биле истрелани од Појасот Газа кон јужен Израел, но нема информации за жртви или причинета материјална штета.
Светските медиуми јавија дека денешниот напад е еден од најмасовните од 2014 година, односно од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, кое ја контролира крајбрежната област.
Повеќето од ракетите и проектилите биле соборени од...
Денеска во КИЦ промоција на „Заедно да растеме“ на Филип Димкоски
Во салонот „19,19“ во КИЦ-Скопје, денеска во 13 часот ќе биде претставена нова книга за деца „Заедно да растеме“ на Филип Димкоски. За најновото дело на младиот автор ќе зборуваат Горјан Петревски и Татјана Гогоска, а гости ќе бидат ученици од ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“ од Скопје и од музичкото училиште „Пиано форте“.
- Андреј, Дора, Срна, Филип, дедо Иле, Ана,...
Општина Гевгелија даде средства за префрлање на телото на Петков кој почина на Хималаите
Советот на општина Гевгелија, на вонредна седница синоќа, донесе едногласна одлука за издвојување на 600.000 денари од буџетот на општината за што побрзо префрлање на телото на починатиот доктор и алпинист Георги Петков од Катманду во Гевгелија.
Роднините на Петков вчера отворија донаторска сметка наменета за собирање пари кои недостасуваат за целосно покривање на потребната сума за транспортирање на телото...
Прва трка и прво место во планински маратон за Викторија Николоска
На штотуку одржаната трка во планински маратон во околината на Кичево, младата седумнаесетгодишна Викторија Николоска од овој град, го освои првото место во јуниорска конкуренција и беше третопласирана во генерален пласман кај жените. Тоа е извонреден резултат за кичевската гимназијалка, на која оваа ѝ беше и прва трка на која се натпреварува во планински маратон.
-Уште пред три години кога...
Крај на потрагата- Малезискиот авион остана мистерија
Потрагата по авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“ МХ370, која 90 дена ја спроведуваше приватна американска фирма, денеска и официјално заврши. По малезискиот авион трагаше компанијата „Оушн инфинити“ со седиште во Хјустон.
Авион со 239 патници и членови на екипаж исчезна од радарите на 8 март 2014 година на летот Куала - Лумпур-Пекинг, потесетува Би-Би-Си. Во авионот беа 153 лица од Кина,...
Втора награда за Сара Блажеска на пијано-натпревар во Србија
Сара Блажеска е ученичка во основното музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ во Прилеп во класата за пијано, кај професорот Игор Николоски. Деновиве таа од Врање, Србија, се врати со освоена втора награда од меѓународниот натпревар за млади пијанисти, што претставува голем успех за неа и за нејзиниот професор.
Уште од самиот почеток Сара покажува голем интерес и со успех свири на...







































