Абрамович доби израелско државјанство
Рускиот тајкун и сопственик на Челзи, Роман Абрамович денеска доби израелско државјанство и ќе се пресели во Тел Авив, објавија израелските медиуми.
Порталот „Јанет“, наведе дека Абрамович заминал во Тел Авив и дека добил документ со што се „потврдува неговиот статус како граѓанин на Израел“.
Официјална потврда за информациите засега нема. Ниту портпаролот на Абрамович не сакаше да коментира....
Анкета: Речиси половина македонски граѓани задоволни, половина незадоволни од работата на Владата
Вкупно 49 отсто од граѓаните се задоволни од работата на Владата во изминатата година, наспроти 47 отсто кои се незадоволни, покажуваат резултатите од новата анкета на телевизијата „Телма“ и Македонскиот центар за меѓународна соработка, презентирани вечерва во емисијата „Топ тема на ваша страна“.
На прашањето „Дали сте задоволни од работата на новата Влада во изминатата година?“, 16,5 отсто од испитаниците...
Абе договорил средба со Трамп
Јапонскиот премиер Шинзо Абе во денешниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, договорил заедничка средба пред 12 јуни, пред самитот меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.
- Се договоривме заеднички да дејствуваме, со цел подготвителната средба на високо ниво меѓу САД и Северна Кореја да биде исполнета со смисла - истакна Абе.
Тој додаде дека „по секоја цена“ треба да биде решено...
Бајрам Белулоски победник на деветтото издание на „Радика фест-2018“
На деветтото издание на фестивалот на детска песна „Радика фест-2018“, во конкуренција на солисти и групи од Охрид,Струга,Дебар и други градови, првото место од публиката го освои Бајрам Белулоски за песната „Спомени“.
-На деветтото издание на фестивалот на детска песна на македонски јазик „Радика фест-2018“, што се одржа во преполната сала од Центарот за култура во Дебар, беа изведени вкупно...
Криминалци украле околу 1,2 милијарди долари во криптовалути
Криминалци украле околу 1,2 милијарди долари во криптовалути од почетокот на 2017 година до денеска, според проценките на работната група за борба против кражба на податоци на интернет, АПВГ.
Проценките се дел од истражувањето на оваа непрофитна организација за криптовалутите и опфаќа како пријавени, така и непријавени кражби.
- Еден проблем што го гледаме како дополнување на криминалните активности како што...
Македонија на 41-во место на листата на најдобро рангирани пасоши
На најновата листа на најдобро рангирани пасоши на американската компанија Хенли енд Партнерс, Македонија се наоѓа на 41-то место.
На оваа листа пасошите се рангираат врз основа на тоа во колку земји граѓаните на одредена држава можат да патуваат без визи.
Македонија годинава се најде на 41-во место од вкупно 100 места на листата, со 125 дестинации во кои македонските граѓани...
ЕУ: Ерусалим е идната престолнина на две држави
Европската унија(ЕУ) останува обединета во ставовите за ситуацијата во Газа и по израелско-палестинското прашање, порача денеска високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини.
Таа истакна дека ЕУ итно бара начин да гарантира хуманитарен пристап до Газа и прави сè што може да донесе хуманитарна помош во Појасот Газа.
-Тензиите во Газа се случуваат во контекст на недостаток на мировен...
УНИЦЕФ додели пари на 1,5 милиони семејства во Јемен
Детскиот фонд на Обединети нации (УНИЦЕФ) соопшти дека денеска доделил пари на речиси 1,5 милиони семејства во Јемен за да го спречи ризикот од глад.
Таа исплата е дел од програмата на Светска банка во износ од 200 милиони долари.
Регионалниот директор на УНИЦЕФ, Гирт Капеларе изјави дека парите стигнале до девет милиони луѓе и дека ќе им овозможи...
БиХ: Нема урнат хеликоптер, туку само оштетен далновод
Полициската управа во Зворник соопшти дека во близина на Братунац не се урнал хеликоптер, туку се случило оштетување на далновод.
Локалните жители на Братунац денеска пријавиле дека околу 12 часот и 30 минути се урнал хеликоптер на непристапен терен.
- По пријавата, полицијата во соработка со другите служби беа ангажирани да го прегледаат теренот, при што е утврдено дека не се...
За ЕУ договорот со Иран продолжува да важи
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска го потврдија ставот на Унијата за Договорот со Иран, од кој се повлекоа САД.
Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, која претседаваше со денешниот состанок за новинарите порача дека земјите членки продолжуваат да ги координираат европските мерки за да се обезбеди заштита за фирмите кои тргуваат во Иран.
САД на овие компании им се...







































