Заев и Прека разговараа за унапредување на односите меѓу Македонија и Малта
Во рамки на официјалната посета на Република Малта премиерот Заев денеска оствари средба со претседателката Марија Прека на која се разговараше за зајакнување на економските релации, но и за можноста Република Македонија да овозможи конзуларни услуги во земјата.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев на средбата истакнал дека македонското стопанство е подготвено да го зајакне присуството на Малта преку...
Напаѓачот во Лиеж е затвореник кој го искористил отсуството за напад
Од нашата специјална известувачка од Брисел
Лорета Трајкоска
Белгиската јавност е згрозена и ужасната од најновата вест што дојде од Лиеж. Двајца агенти и еден минувач се застрелани утрово во Лиеж, а сторителот бил застрелан од полицијата. Засега ставот на власта е дека има основано сомнение за терористички напад.
Она што досега е познато е дека сторителот првин ги нападнал со...
Голема воена вежба во Словенија, учествуваат и војници на АРМ
Меѓународна воена вежба „јадрански удар“ ќе се одржи следната недела во Словенија, а во неа ќе учествуваат војници од 22 земји.
Вежбата на повеќе воени полигони и во воздушниот простор ќе започне во недела и ќе трае до 9 јуни, а во неа учествуваат околу 700 војници од 22 сојузнички држави, а меѓу нив и припадници на АРМ.
Во вежбата ќе...
Кривични за обвинетите поврзани со лабараторијата за амфетамин во Тетово
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 Скопје, поднесе обвинителен акт против двајца државјани на Република Србија и петмина македонски државјани поврзани со случајот со најголемата лабораторија за производство на синтетичка дрога - амфетамин откриена во Југоисточна Европа.
Како што соопшти Јавното обвинителство на РМ, на лицата им се става на товар дека...
Исклучително редок бел бизон се роди во белградската зоолошка
Во Белградската зоолошка градина вчера се роди американски бел бизон. Ова е вистинска реткост, оти просечно, на секои 10 милиони младенчиња, се раѓа едно бело. Белиот бизон се смета за свето животно кај некои американски домородни племиња.
Кога луѓето и ежот водеа љубов
Кога би напишал леток за нашата транзиција во изминатите речиси три децении (а инспириран од една често слушана непристојна изјава во чаршијата), чинам дека насловот погоре најубаво би прилегал на состојбите овде долу. Летокот се чини соодветен за таков потфат, лесно се умножува (копира), лесен е за читање и лесно паѓа од високо кон најниско. Таква е и нашата...
Потенцијалот на Студенчишко Блато е огромен ако се управува паметно
Идејата за ставање под заштита на Студенчишко Блато е стара со децении, но во последниве години повторно е актуализирана
Студенчишко Блато е единственото зачувано блато на македонскиот дел од охридското крајбрежје. Голем дел од неговите екосистемски услуги се добро познати, но дел и воопшто неискористени. Студенчишко Блато, и покрај делумното исушување и тампонирање низ годините, сепак во голем дел го...
Фудбал зад решетки на првиот затворски Мундијал во Перу
Мажите и жените од 17 казнети установи во Перу, учествуваа на првото Светско првенство за затвореници, одржано во Лима, во организација на тамошниот национален казнен институт.
Затворениците беа спроведувани во лисици и под силно полициско обезбедување, при доаѓањето на турнирот. Но, учесниците сериозно го сфатија натпреварувањето, што може да се забележи според фотографиите на кои затворениците се молат пред мечевите,...
Промоција на „Триптих љубов“ од Ставре Џиков
Промоција на книгата „Триптих љубов“ од Ставре Џиков ќе се одржи на 7 јуни (четврток) во 11 часот во портата „Македонија“. Промотори се писателот Александар Прокопиев и Литов Намдаг Јачивин, конзул на Монголија, а водители: Ленче Смилевска и Часлав Митрички.
На промоцијата ќе настапат ученици на средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ од Скопје.
Ставре Џиков е познат македонски правник, адвокат, поранешен...
АД ЕЛЕМ ги презема сите мерки за намалување на нивото на Охридското Езеро
АД ЕЛЕМ се свесни за состојбата со Охридското Езеро и ги преземаат сите мерки за да се намали нивото на водата.
Хидроелектраните на АД ЕЛЕМ во моментов, но и подолг период наназад работат со максимален капацитет.
Проценките на ЕЛЕМ се дека во рок од еден месец нивото на езерото ќе се спушти под 693.75 мнв, што е дозволена кота за година...






































