Видео: Новите ерупции на вулканот ги принудија спасувачите да се евакуираат
Вулканот Фуего синоќа повторно еруптираше, по што напорите на спасувачките екипи беа залудни, па акцијата мораше да се спречи.
Стотина селани и спасувачки екипи се евакуирани непосредно пред најновата ерупција, во која лавата се движела со неверојатна брзина и испуштала токсичен гас, кој се надвил високо на небото.
Агенцијата за вонредни ситуации ги повлече спасувачите и полицијата, а на новинарите им...
До крајот на јуни ќе заврши рехабилитацијата на автопатот од Скопје до Тетово
Интензивно се работи на рехабилитација на автопатската делница Скопје - Тетово, која е во должина од 17 километри. Досега се рехабилитирани и асфалтирани девет километри, а до крајот на јуни се очекува да завршат работите на едната страна од автопатот од Скопје кон Тетово.
- Реконструкцијата на делница беше неопходна, затоа што возната лента беше најоштетениот дел од автопатот кон...
На маж од Скопје му исчезна сопругата
Во полицијата во Драчево вчера се јавил 45-годишниот Т.Р. од село Таор и пријавил дека околу 07 часот од дома во непознат правец се одалечила неговата сопруга.
Се работи за 44-годишната С.Р.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Македонците во Албанија никогаш не биле Бугари
Македонско друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, преку соопштение изрази жалење што официјална Софија се обидува да ги претстави Македонците од областа Гора како Бугари.
- Како и многупати досега, македонското друштво „Илинден“ се залага за вистината, според која Македонците во областа Гора се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ.
Нивната самосвест е македонска, а...
Туристичките капацитети на охридско-струшкото крајбрежје исполнети
Туристичките капацитети на охридско-струшкото крајбрежје се исполнети максимално, а хотелиерите очекуваат успешна туристичка сезона.
Претседателот на Здружението на хотелиери на Македонија – ХОТАМ Крсте Блажески заклучи дека по надминување на политичката криза и некои други настани што ги одбележаа изминатите години, зголемен е интересот од тур-операторите и оти се бара соба повеќе.
Туристичката понуда, според него, е збогатена со изградбата на...
Теодоракис: Вартоломеј е решен да го реши црковното прашање со Скопје
Вселенскиот патријарх Вартоломеј интензивно работи во позадина и е решен да го затвори прашањето со црквата на Скопје, вели лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис во интервју за грчкото радио „Алфа 989“.
Првиот човек на централно-левичарската партија имал средба и разговор со Вартоломеј за време на посетата на Грција на вселенскиот патријарх, а една од темите било и прашањето со...
Наскоро во употреба нова детска градинка во Кичево
Со средства од турската агенција за соработка и координација ТИКА, во кругот на училиштето „Санде Штерјоски“ во кичевската населба Пашино, е изградена нова детска градинка, чиј капацитет е за 120 деца до шестгодишна возраст.
Новата детска градинка беше завршена уште на почетокот на оваа календарска година, но беше дилемата дали со неа да стопанисува локалната самоуправа или некој друг. Сега,...
Одбележани 17 години од загинувањето на шесте припадници на тетовскиот гарнизон
Во тетовската касарна „Кузман Јосифовски-Питу“ се одбележаа 17 години од загинувањето на припадниците на АРМ од тетовскиот гарнизон, кои на петти јуни 2001 година беа убиени во заседа на патот Шипковица - Гајре. На спомен-плочата во тетовската касарна, каде што се испишани нивните имиња, вчера беа положени букети цвеќе.
- Животите на браникот на татковината ги дадоа Исак Руфати, Николче...
Колекторскиот систем во Охридско Езеро е пред колапс
Состојбата со колекторскиот систем во Охридско Езеро е лоша, оценија првите луѓе на јавните претпријатија „Проаква“ од Охрид и од Струга, Владимир Алексиоски, Јетон Шакири и охридскиот градоначалник Јован Стојаноски, при вчерашната посета на пречистителната станица во струшкото село Ложани.
Директорот на струшка „Проаква“ Јетон Шакири, на 30-годишниот јубилеј од изградбата на колекторскиот систем, изјави дека поради неадекватното одржување и...
Предложена измена на обвинителниот акт за нападот врз Села
Денешното рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април 2017 е прекинато откако му се слоши на еден од обвинетите Александар Јаневски - Тошта, кој падна во судницата.
Обвинителот Дарко Јакимовски, на почетокот на расправата рече дека се утврдени нови елементи со изнесувањето на новите докази на претходното рочиште, и затоа се предлага измена на...







































