Сончево и топло време
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ= 8
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната од 17 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне. Ќе дува слаб до умерен...
Рускиот амбасадор Шчербак ја прослави победата на националниот тим на отворањето на СП
Заедничко следење на воведниот натпревар од Светското првенство во фудбал во Русија, меѓу домаќинот и Саудиска Арабија, организираше попладнево во хотелот Русија рускиот амбасадор Олег Шчербак.
Тој им се заблагодари на гостите што дојдоа заеднички да ја бодрат руската репрезентација.
- Со сето мое срце ја поддржувам руската репрезентација и ѝ посакувам голем успех – порача амбасадорот Шчербак.
Инаку, во воведниот натпревар,...
Двете Кореи се согласија за целосна обнова на воените комуникациски линии
Северна и Јужна Кореја денеска се согласија целосно да ги обноват воените комуникациски линии, после повеќе од 10 години, се наведува во заедничко соопштени на двете земји.
На денешните преговори меѓу воени делегации на високо ниво, двете држави разменија и мислења за „пробно" демилитаризирање на пограничното село Панмунџон и се договорија за целосна имплементација на билатералниот договор од 2004 година за...
„Њујорк Џипси Ол Старс“ на “Бит фест 2018”
Позната светска музичка група „Њујорк Џипси Ол Старс“ од Њујорк, во која свири светски познатиот битолски и македонски кларинетист Исмаил Лумановски - Смајко, годинава ќе учествува на битолското културно лето „Бит фест 2018“.
Популарниот Смајко со својата интернацонална група во која свират музичари од Америка, Грција, Турција, Австралија, Порторико својот концерт ќе го одржи на 15 август, на Хералеја.
Концертот ќе...
Викендов 27-мо издание на ТЕХО во Тетово
Тетово викендов по 27-ми пат ќе биде домаќин на хорскиот фестивал "Тетовски хорски одзиви" (ТЕХО). Свеченото отворање е на 16- ти, јуни сабота во 19.30 часот во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј".
-Настапуваат градскиот женски младински хор Менада од Тетово, Нишкиот камерен хор, Женски младински хор од Скопје и академски машки хор Гусла од Софија, Бугарија, вели Ивица Зориќ,...
Могерини не поддржува бегалски кампови на Балканот
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини, одговорајќи на новинарско прашање за идејата да се отворат кампови за бегалци на Балканот, порача дека ЕУ треба да работи со постојниот модел.
- Имаме систем со Либија и мислам дека може да биде корисен модел, да се поддржи и консолидира. Базиран е на соработка со властите на...
Мицотакис: Грција прв пат признава македонска националност и јазик
Грција, прв пат признава македонска националност и јазик за нашите северни соседи. Елементи што претставуваат корен на иредентизмот, рече лидерот на опозициската Нова демократија Киријакос Мицотакис на денешната расправа во грчкиот парламент, кусо пред да достави барање за гласање недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис упати остри обвинувања до Ципрас...
Хелсиншкиот комитет апелира на воздржување од говор на омраза
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во денешното соопштение до медиумите наведува дека недвосмислено ги поддржува граѓаните во практикување на нивното право на протест и слободно искажување на ставовите и мислењата, но апeлира на воздржаност од употреба на говор на омраза.
- На вчерашниот протест пред Собранието на Република Македонија по повод веста за решението на спорот со името помеѓу...
Иванов: Борисов зазема страна, што не придонесува за конструктивност и соработка
Бугарија треба да бара интензивни контакти и дијалог не само со Владата на Република Македонија туку со сите останати институции како со Претседателот, така и со Народното Собрание и со опозицијата. Тоа е начинот навистина да имаме конструктивни, добрососедски и пријателски односи, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан како го коментира откажувањето на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов од...
Второ издание на адреналинскиот фестивал „Кога во Крушево“
Втора година едноподруго љубителите на планинските адреналински спортови и рекреативците ќе можат да уживаат во убавините на крушевските предели. Оваа година фестивалот „Вен ин Крушево“ или „Кога во Крушево“ ќе се одржи од 29 јуни до 1 јули.
Понудата на интересни тури и активности вклучени во картата од 400 денари е збогатена со уште повеќе содржини, па сега покрај стандардните...







































