Јункер: Трамп ми рече „Вие сте брутален убиец”

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер вчера изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп го нарекол „брутален убиец" на самитот на Г-7 во Канада кон крајот на минатата недела. Ова тој го кажа во вчерашниот говор во парламентот на Баварија. - Минатата недела Трамп ми рече: Жан-Клод - Вие сте брутален убиец- изјави Јункер, кој е поранешен премиер на Луксембург....

Адвокатот на Трамп се обидува да го замолкне адвокатот на порно ѕвездата Даниелс

Личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, бара на адвокатот на порно ѕвездата Сторми Даниелс, која тврди дека имал сексуален однос со Трамп пред 12 години, да му се забрани да им се обраќа на новинарите и во јавноста да објавува информации за тој случај. Во судскиот поднесок, Коен тврди дека адвокат на Даниелс, Мајкл Авенати му нанесува...

Овие натпревари ќе се одиграат денеска на СП 2018

Денеска на Светското првенство во Русија на програмата се три натпревари, а дербито кое милиони фанови ширум светот го очекуваат е во вечерниот термин. Египет - Уругвај (14 часот)   Египет се враќа на светските првенства по 28-годишно отсуство во првиот дуел од програмата на вториот ден на Светското првенство во Русија. „Фараоните“ излегуваат на „Екатеринбург Арена“ против искусниот состав на двократниот...

Казни за фудбалерите на Саудиска Арабија за поразот од 5:0

Голем број фудбалери на Саудиска Арабија ќе бидат казнети за поразот од Русија со 0:5 на почетокот на Светското првенство.    Според зборовите на претседателот на саудиската федерација, Адел Изат играта била безобразна и не одговорала на нивото што тимот го прикажал во контролните средби.   - Резултатот не е реален. Ние сме разочарани од овој пораз. Ќе има казни, рече Изат.   Меѓу оние...

Грчкиот парламент расправаше до два часот по полноќ за договорот со Македонија

Пред два часот по полноќ заврши првиот дел од расправата во грчкиот Парламент по доставениот предлог од Нова демократија за гласање недоверба на Владата. Како што јави дописничката на МИА од Атина, пратеници од сите партии вчера го изразија нивниот став околу договорот постигнат меѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев. Расправата се движеше во очекуваните рамки, од опозицијата ја обвинија...

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Богородица

На граничниот премин „Богородица“ има зголемена фреквенција на возила поради продолжениот викенд во Македонија, но не се чека подолго од десетина минути. Во изминатите 24 часа од земјата излегле 12.000 патници од кои 6.500 се македонски граѓани.   - Гужвата од возила и автобуси во моментот е голема, но задржувањето на патниците не е подолго од пет до десет минути кои се...

За 80 отсто Французи Трамп е агресивен, опасен и расист

Иако неодамнешниот самит во Сингапур со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун придонесе за подобрување на имиџот на претседателот на САД, Доналд Трамп, во очите на Французите тој останува непопуларен, при што повеќе од 80 отсто од нив го сметаат за  агресивен, расист и опасен, покажува последната анкета.     Според резултатите од анкетата што за весникот „Фигаро" и Франс енфо ја спроведе Институтот...

Рамазан-Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните

Муслиманите во Република Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз. Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник...

Заев: Силно верувам во договорот, конечно се затвора прашањето за идентитет

Македонскиот премиер Зоран Заев преку „Фејсбук“ порача дека силно верува во успех на договорот меѓу Македонија и Грција, бидејќи со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање и се отвора иднината за земјата. - На 73. седница го разгледавме и усвоивме извештајот за договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за...

Конечен договор за решавање на македонско – грчкиот спор за името

Владата на РМ едногласно го разгледа и усвои извештајот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство и донесе одлука да го декласифицира договорот. Веќе е закачен на веб страницата на Владата и целата македонска јавност има пристап до истиот. Декласифицирање на договорот со Грција од страна на македонската Влада и негово ставање на увид на јавноста,...