фото Игор Бансколиев

Заедничко следење на воведниот натпревар од Светското првенство во фудбал во Русија, меѓу домаќинот и Саудиска Арабија, организираше попладнево во хотелот Русија рускиот амбасадор Олег Шчербак.

Тој им се заблагодари на гостите што дојдоа заеднички да ја бодрат руската репрезентација.

– Со сето мое срце ја поддржувам руската репрезентација и ѝ посакувам голем успех – порача амбасадорот Шчербак.

Инаку, во воведниот натпревар, Русија убедливо славеше против Саудиска Арабија со 5:0.