Зголемен водостојот на Брегалница

Обилните врнежи од дожд, посебно последниве неколку дена го зголемија водостојот на реките во источниот дел од земјата. Мерењата кои ги прави штипјанецот Киро Маџаунаров за потребите на УХМР, покажуваат дека во изминативе три месеци само во Штип наврнале 150 литри на метар квадртаен, што е повеќе од дупло во споредба со минатата година. Водостојот во реката Брегалница, кај мерната...

СДСМ: Мицкоски призна дека учествувал во насилството од 27 април

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска признаа дека тој учествувал во насилството во Собранието на 27 април и со тоа опозициската партија призна дека таа стои зад насилствата што се случија на крвавиот четврток, соопшти СДСМ, по повод коментарите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на „Фејсбук“. Со тоа Мицкоски потврдува дека е дел од политиките на неговиот претходник Никола Груевски. - Очигледно е...

Мицкоски: На 27 април бев со луѓето кои беа загрижени за иднината на Македонија

Гледам дека власта ја интересира каде сум бил на 27 април 2017 година. Иако и фотографиите кои ги објавија не кажуваат ништо повеќе од она што јас веќе претходно го соопштив за моето движење тој ден, само овојпат направија додадена мистерија и заокружени црвени кругови, сепак, еве ќе повторам и директно ќе одговорам. Јас на 27 април бев со...

Ученик од Карпош добил шуга, преземени мерки за заштита од зараза

Ученик во основното училиште „Владо Тасевски“ во Карпош бил заразен со шуга. Од Центарот за јавно здравје направиле прегледи во одделенијата при што е констатирано дека кај други ученици нема шуга. Општина Карпош информира дека се преземени мерки на дезинфекција и дезинсекција за целосна заштита на учениците за да се спречи ширење на заразата во просториите на училиштето. - Известени се...

Дијаспората може да одигра позитивна улога во евроатлантските интеграции

Во овој значаен период за Македонија, дијаспората може да претставува инклузивен сегмент и да одигра позитивна улога во евроатлантските интеграции на земјата, беше речено на денешната средба на министерот Едмонд Адеми и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, Горазд Бартол. На средбата, Адеми, како што соопшти неговиот Кабинет, го информира Бартол за активностите околу Националната стратегија за соработка со...

Ѕанакопулос ја префрла топката на теренот на Македонија

Во рамките на грчките позиции за сложено ерга омнес име треба да постои решение, топката сега е на теренот на соседите и треба да направат уште неколку чекори за да стигнеме до договор, вели портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос во интервју за третиот канал од Солун на грчката државна телевизија ЕРТ и уште еднаш го повтори грчкото барање...

ТДП и двете крила на БЕСА во игра за влез во владината коалиција

Се допрецизираат разговорите со Турската демократска партија (ТДП) за влез во владината коалиција, изјави денеска премиерот Зоран Заев, додавајќи оти се надева дека со следниот вторник овој процес ќе биде целосно заокружен. Нагласи дека пратеникот од оваа партија веќе учествува во поддршката на законските решенија и процедурите во Собранието и оти коалицирањето не е условени со одредени позиции. Премиерот додаде дека...

Заштита на Маркови кули со сто илјади евра

Маркови кули ќе бидат дел од проектот „Подобрување на управувањето со заштитени подрачја“ што ќе го спроведува УНДП во соработка со Министерството за заштита на животна средина. Европската унија, освен овој проект ќе финансира уште 16 проекти во Македонија со вкупно четири милиони евра. Програмата денес во Прилеп ја промовираа амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар, Претставникот на УНДП Лујза Винтон...

Заев: Се разгледуваат неколку опции за Законот за јазиците

Освен иницијатива Уставниот суд да се произнесе за непотпишувањето на законот за јазици од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов постојат и други опции кои правни експерти му ги посочиле на премиерот Зоран Заев, но како што посочи тој денеска, не му биле изнесени заради тоа што тие мора да имаат извесност во решавањето. - Целта е конечно Парламентот да си...

Триесет и пет кандидати за координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Деновиве заврши конкурсот на ВМРО-ДПМНЕ за избор на координатори на Општинските комитети. Иако по поразот на парламентарните и локалните избори се очекуваше во Битола интересот за оваа значајна партиска функција да опадне, сепак, според неофицијални извори дури 35 кандидати се пријавиле на конкурсот за координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола. Според засега непотврдени информации за функцијата координатор на партијата конкурирале,...