Скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави можно прскање против комарци овој викенд во Скопје. Во изминатиов период Скопје се задушува од инсекти. Иако постапката за јавни набавки е почната уште од 19 февруари, прскањето доцни поради процедурални причини. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов очекува утре да завршат сите постапки со што би се отворила можноста викендов да се изврши дезинсекција на територијата на градот Скопје.
– Прскањето доцни поради сомнежите дека набавените препарати се штетни за граѓаните. Жалбата ќе биде предмет на обработка на соодветната комисија на седница следната среда. Доколку биде одбиена, очекувам дека следниот викенд ќе биде прскано против инсекти – вели Шилегов.