Две лица физички нападнати во сендвичарница во Скопје
Четири непознати лица изутрината во 4.30 часот во сендвичарница на улицата „Никола Карев“ во Скопје физички ги нападнале Ј.Б. (33) и неговиот другар А.Н.
Како што информира МВР, случајот во полиција денеска го пријавил Ј.Б.
Додека Ј.Б. и А.Н. седеле на маса, забележале како непознатите лица сакале да крадат пијалаци од фрижидерот и ги предупредиле дека тоа не е во ред. Веднаш потоа лицата...
Две лица фрлале менија во ресторан во Скопје и не ја платиле сметката
Машко и женско лице половина час пред полноќ недолично се однесувале во ресторан во центарот на Скопје, информира МВР.
Случајот во полиција бил пријавен 40 минути по полноќ. Машкото лице фрлило две менија на земја и по пет минути заедно со женското лице го напуштиле ресторанот без да ја платат сметката.
Вработената излегла по нив со сметката и им укажала дека не...
Повреден работник во депонијата „Мегленци“
Шеесетгодишниот Р.П. од село Лопатица вработен како машинист на работна машина-багер, вчера се здобил со тешки телесни повреди извршувајќи работни задачи во депонијата „Мегленци“, сопственост на Јавното претпријатие „Комуналец“, во Битола.
МВР информира дека според пријавеното, додека Р.П. се обидувал да се качи во кабината од работната машина за да ја запре, а која во еден момент почнала да се движи...
Сестра Софија доби признание од Барак Обама и се врати во Македонија
Сестра Софија, старешина на манастирот „Св. Ѓоргија“ во село Кнежино, за својата долгогодишна работа во верските објекти во САД, добила признание и од поранешниот американски претседател претседател Барак Обама. Покрај признанието од првиот човек на Америка, таа за својата посветеност во работата со верниците и децата, континуирано добива пофалби и признанија од сите страни.
- Кога заминав во пензија, бидејќи...
На граничниот премин „Бoгородица“ нема подолги задржувања
На ГП Бoгородица нема подолги задржувања за влез и за излез од Република Македонија, информираат од граничната полиција.
- Од шесте расположливи сообраќајни ленти за излез од земјава функционираат три, но сообраќајот е речиси секојдневен и задржувањето на возилата кои се главно од Македонија е само пет минути колку што се потребни за контрола на документите - изјави заменик-командирот на...
Дојран полн со туристи за велигденските празници
Леглата во комерцијалниот и приватниот сектор во Дојран уште од вчера попладне се целосно се пополнети, така што од синоќа не може да се најде слободно место. Ова денеска го изјави денеска градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.
Според претставници на Туристичкото биро, на дојранското крајбрежје има преку 10.000 туристи.
Најголемиот број гости, посочуваат туристичките работници, се од нашата земја, а во...
Охридските сместувачки капацитети речиси распродадени за Велигденските празници
Охридските туристички работници очекуваат одлична посетеност на градот за престојниот продолжен викенд и Велигденските празници. Информациите од сопствениците на сместувачките капацитети на Охридската ривиера покажуваат дека постои голем интерес на туристите празниците да ги минат токму во Охрид.
Поголемите сместувачки капацитети и хотелите се речиси целосно закупени, а само кај помал дел има преостанати слободни легла кои се очекува да...
Инспектори од ОПЦВ минатата недела извршиле проверки во Русија
Инспектори од Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) минатата недела извршиле проверки на ненајавено место во Русија, информира „Краснаја ѕвезда“, официјален весник на руското Министерство за одбрана.
Не е јасно дали инспекцијата била поврзана со труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија во март, или станува збор за рутинска проверка.
ОПЦВ, чие седиште е во Хаг, е...
Охридското Езеро 25 сантиметри над дозволениот водостој
Нивото на Охридско Езеро е 25 сантиметри над дозволениот максимален водостој, додека нивото на Дојранското Езеро е три сантиметри под договорениот максимален водостој.
Споредено со просекот за април, зголемен е водостојот на Вардар кај Јегуновце, кај Зајчев Рид, Велес и Демир Капија.
Над просекот се и водостоите на Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска...
Материјата со која бил отруен Скрипал била произведена во руска воена база
Британското разузнавање тврди дека супстанцијата, со која бил отруен поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал била произведена во руската воена научно-истражувачка база во градот Шихани, во Саратовската област, пишува денеска весникот „Тајмс“.
Британскиот весник коментира дека претставниците на британските служби ги информирале сојузниците на земјата за овој заклучок. Целта на специјалниот состанок била да се убедат светските лидери дека Русија е...







































