Израелските сили застрелаа двајца Палестинци
Двајца Палестинци се убиени и околу 250 се повредени од истрели на израелски војници при судири во близина на оградата која ги дели Газа и Израел, соопшти Министерството за здравство во Газа.
Во минатинеделното насилство во ова подрачје загинаа 19 лица. Денеска во болницата почина еден од повредените, а подоцна беше убиен 29-годишен Палестинец во реонот на Хан Јунис во...
Гарет: Решение за спорот со името е централно безбедносно прашање за целиот регион
Решение за спорот со името е централно безбедносно прашање за целиот регион, и за западните земји заедно со Велика Британија, изјави британскиот амбасадор во Република Македонија Чарлс Гарет во интервју за телевизија „Телма“.
Гарет очекува од Македонија и од Грција да направат компрпомис, а решението ќе биде пресвртница за иднината на Македонија.
Британскиот амбасадор во интервјуто зборува за руските закани, но...
Даниел Рикардо најбрз на првиот тренинг во Бахреин
Даниел Рикардо од Ред бул беше најбрз на првиот тренинг пред Големата награда на Бахреин во Формула 1.
Рикардо помина 14 кругови, а најбрзиот круг го извозе за време од 1:31.060.
Втор беше Валтери Ботас од Мерцедес кој извози 24 кругови, а најбрзиот за 1:31.364.
Зад нив беа возачите на Ферари – Кими Рајконен и Себастијан Фетел, додека петти заврши Луис Хамилтон...
Во Белград казнети 15 родители поради одбивање вакцинација
Од 48 родители кои во Белград се прогласени за виновни за одбивање задолжителна вакцинација, 15 се казнети со парични казни од 10.000 до 30.000 динари (85 до 254 евра), пишува „Блиц“.
Пред Прекршочниот суд во Белград наскоро ќе се најдат уште родители кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца со ММР вакцината, затоа што инспекцијата на Министерството за здравство од...
Романец не може да докаже на суд дека е жив
Романецот Константин Релиу не успеал да го убеди судот дека е жив, откако неговата сопруга го прогласила за мртов.
Поради тоа Релиу покрена нов процес и поднел жалба за поништување на умреницата. Воедно тој поднел тужба против сопругата за враќање на неговите средства.
Претходно судот во романскиот град Васлуј ги отфрли неговите барања, објаснувајќи дека е официјално прогласен за мртов. Од...
Состојбата на Скрипал повеќе не е критична
Поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал повеќе не е во критична состојба и добро реагира на лекувањето по нападот со нервниот агенс минатиот месец, објави болницата во Солсбери.
- Тој добро реагира на лекувањето, неговата состојба брзо се подобрува и повеќе не е критична - соопшти Кристин Бланшард, медицинска директорка во болницата во Солсбери.
Захарова: Домашните миленичиња на Скрипал беа важен доказ
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова упати прашање до британските власти зошто ги кремирале домашните миленичиња пронајдени во домот на отруениот поранешен двоен шпион Сергеј Скрипал.
Захарова на Фејсбук напиша дека двете морски прасиња и мачката во домот на Скрипал беа важни докази.
Британското Министерство за животна околина, храна и рурални прашања соопшти дека двете морски прасиња се...
Осум чаури, неиспукан куршум и безбол-палка најдени на местото на инцидентот во Мала Речица
Министерството за внатрешни работи информира дека на местото на вооружениот инцидент што вчера се случи во Мала Речица, при што е убиено едно лице, биле пронајдени осум чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка.
МВР наведува дека вчера 18.20 часот пријавено е пукање од огнено оружје во село Мала Речица, Тетовско....
За Светскиот ден на Ромите, пред општинската зграда нема да се вее нивното знаме
Традицијата востановена пред неколку години, за Светскиот ден на Ромите 8-ми април, на јарболот пред општинската зграда во Кичево да се вее и ромското знаме, годинава нема да се случи.
Проблемот се појавил откако претставниците на ромската заедница, вчера усно биле известени дека општината не може финансиски да го поддржи овој проект и како револт тие одлучиле ромското знаме да...
Доставена кауцијата за ослободување на Пуџдемон од притвор во Германија
Доставена е гаранција во висина од 75.000 евра за ослободување од притвор на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон.
Суд во германската сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн вчера донесе одлука за ослободување од притвор на поранешниот претседател на каталонската регионална влада, Пуџдемон, со кауција од 75.000 евра.
Според одлуката на Судот, 55-годишниот Пуџдемон ќе остане на слобода се до донесувањето одлука по барањето на шпанските...







































