Благодатниот оган од Ерусалим првпат ќе биде донесен во Скопје
Благодатниот оган што секоја Велика сабота веќе два милениума чудесно се појавува на гробот на Исус Христос, денеска од Ерусалим преку Софија ќе пристигне и до православите верници во Македонија.
Ова е прв пат МПЦ-ОА за Велигден официјално да го добие Благодатниот оган и тоа со помош на Бугарската православна црква.
Митрополитот брегаланички Иларион со благослов на поглаварот на МПЦ-ОА г.г....
Макрон и Путин телефонски разговараа за Сирија
Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со Владимир Путин го повика рускиот претседател да го искористи своето влијание за да се стави крај на конфликтот во Сирија и да се обноват преговорите за политичка транзиција во земјата, соопшти Елисејската палата.
Макрон ја истакна потребата од ставање крај на воената ескалација од последните месеци, со цел да се заштити цивилното...
За велигденските празници 24 часовна здравствена заштита во дежурните ноќни пунктови на Здравствен дом Скопје
Во текот на престојните празнични денови службите на Здравствен дом Скопје ќе обезбедуваат 24 часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во поликлиниките Идадија, Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари, Драчево и Букурешт, информираат од Здравствен дом Скопје.
Нагласуваат дека саботново дежурство (7 април) на сите специјалистички служби ќе се реализира во поликлиниката Букурешт од 8:00...
САД со нови санкции против Русија
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги прошири санкциите против Русија и додаде 38 руски олигарси, државни директори и компании.
Американското Министерството за финансии соопшти дека проширените санкции се одговор на „штетната агенда на Кремљ која се состои од малициозни онлајн кампањи и напори да се поткопа западната демократија, па се до воените дејствија во Украина и Сирија“.
Списокот на санкции вклучува...
На Спилберг омилен свој филм му е Е.Т.
Американскиот режисер Стивен Спилберг создаде некои од најпознатите и највпечатливи моменти во филмската индустрија, но меѓу сите негови дела се наоѓа и едно кое му е најдраго.
Станува збор за филмот Е.Т. од 1982 година, кој, според сопственото тврдење, го гледал најмногу пати досега од сите свои останати филмови.
Тој истакна дека тоа е филм кој имал најголемо влијание врз него...
Портрет на Елвис Присли од Ворхол се продава за 30 милиони долари
Портрет на легендарниот американски музичар и актер Елвис Присли од њујоршкиот уметник Енди Ворхол се продава по цена од 30 милиони долари.
Тоа е еднинствениот портрет изработен од Ворхол во природна големина, а може да се погледне во лондонската галерија на аукциската куќа „Кристи“ .
На сликата, која е наречена „Двојниот Елвис“ (Double Elvis), е прикажан славниот музичар со револвер во...
Уметничка инсталација: Вивалди од велигденски јајца во Кавадарци
„Велигденски компромис“ е насловот на оваа инсталација на Пане Хаџи-Василев од Кавадарци, добитник на првата награда за цртеж на тема „Мода“ во Шпанија, кој своите дела освен на изложби ги претставува на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Инспириран од музичкото дело „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди“, особено од делот за пролетта, тој ја создава оваа инсталација во...
Индија воведува ограничувања за посетителите на Таџ Махал
Индиските власти поради проблемите кои со себе ги носи масовниот туризам на посетителите на Таџ Махал во иднина ќе им го ограничат престојот на три часа.
Оваа знаменитост дневно ја посетуваат околу 50 илјади туристи, односно околу седум милиони секоја година.
Странските туристи плаќаат по илјада рупии (12,5 евра), додека посетителите помлади од 15 години не плаќаат за влезница.
Во иднина доколку...
Роналдо има физичка подготвеност на 23-годишен спортист
Кристијано Роналдо е во центарот на вниманието повеќе од десет години и продолжува да пишува историја. На 33-годишна возраст, ѕвездата на Реал Мадрид покажува завидна физичка подготвеност, а крај на неговата блескава кариера не се наѕира во скоро време.
Неверојатната физичка подготвеност на Роналдо е видлива и со голо око, но биометриските податоци на Португалецот даваат подетален поглед на неговата...
Бројот на починати од морбили во Романија достигна 46 лица, почина деветмесечно бебе
Бројот на луѓе кои починале од морбили во Романија достигна 46 лица откако денеска почина деветмесечно бебе од Констанца.
Националниот центар за надзор на заразни болести соопшти дека бебето не било вакцинирано.
Оваа недела во Романија се регистрирани 204 нови случаи на морбили, со што вкупниот број на потврдени случаи на оваа заразна болест во земјата изнесува речиси 12.000 болни.







































