Во Македонија нема да се градат бегалски кампови дециден беше денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој одговараше на новинарски прашања по средбата со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

– Мислам дека оваа тема уште во текот на локалните избори многу беше злоупотребена. Јас немам информации дека во Македонија некој планира да гради, и уште еднаш ќе кажам дека не смееме да внесуваме некоја психоза или паника меѓу населението. Јас за таква работа ниту знам, а и тогаш кажав, и сега ќе кажам дека никакви кампови нема да се градат тука – вели Сугарески.