Како европската привремена финансиска помош го зацврстува јаремот над Грција

Бескрајната грчка сага за јавниот долг ја покажа неспособноста на Европската Унија да се справи со својата неизбежна криза во еврозоната. Осум години по банкротирањето на Грција, постојаната несолвентност на грчката држава останува голем срам за европската администрација. Веројатно и затоа, по прогласувањето на кризата со еврото низ остатокот од Европа, се чини дека надлежните органи се цврсто решени...

Столтенберг: Воздушните напади се „јасна порака“ до сириската Влада

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска оцени дека воздушните удари во Сирија, што во саботата ги извршија САД, Велика Британија и Франција, ја намалуваат способноста на сириската Влада да изврши нови хемиски напади. Столтенберг рече дека нападите претставуваат „јасна порака“ за сирискиот претседател Башар ал-Асад и Иран дека употребата на хемиско оружје не е прифатлива и оти сојузниците нема...

Мирот е војна, војната е мир

Се разбира, насловот е ехо на Орвеловата „1984“, но многу посоодветна за мигот е мислата на Орвел дека војните не се водат за да се добијат, туку за да траат. Ако некој и помисли дека светот се најде на чекор од нова, трета светска војна - се лаже! Таа е одамна започната, ако некогаш и воопшто запрела. Студената војна...

Продолжен притворот на поранешниот директор на СОЗР

Продолжен му е притворот за уште 30 дена на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски, потврдија од Кривичниот суд Скопје. Притворот е продолжен по предлог на Обвинителството за организиран криминал по истекот на првичните 30 дена притвор. Доневски беше уапсен на 15 март под сомнение за злоупотреба на службената положба. Истрагата за овој случај...

Поскапуваат бензините на полноќ

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина, а на дизелот и екстра лесното за еден денар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68 денари, на Еуросупер БС-98 ќе биде 69,50 денари, Еуродизелот ќе се продава по 60 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство по...

И со пет отсто пораст, Европа не се стигнува и за 20 години

Ветувања, прогнози, идеи за промена на економската ситуација, за пораст на економијата има постојано, но малкумина ја гледаат бенефицијата од порастот на македонската економија Темата за пораст на економијата повторно е актуелна, особено откако Светска банка ги намали прогнозите за економскиот пораст. Иако оваа слатко-горка тема честопати ја среќаваме во медиумите, малкумина можат директно да ја почувствуваат бенефицијата или некакво...

Утврдени пропусти кај наставниците во училиштето во кое се случи тепачка во Неготино

Утврдени се некои потфрлувања во однос на работењето на одделни одделенски раководители, кои педагошката евиденција ја воделе со пропусти. Ова го покажал увидот на просветната инспекција во неготинското основно училиште „Гоце Делчев”, откако две ученички нападнаа трета во дворот на училиштето. - Педагошката евиденција ја воделе со пропусти. Се мисли на пропусти при регулирањето на изостаноците, од страна на одделни...

Нов објект параклис во дворот на тетовската црква Света Богородица

Тетовската црква Света Богородица добива параклис. Објект е изграден со помош на донации на верници, а се реализира по првична идеја за помошен објект за палење на свеќи. -Црковниот одбор по добиените препораки од ликовни експерти дека горењето на свеќите во внатрешноста на црквата не е добро за фреските, минатата година реши да започне со градење на помошен објект. Со...

Млекопроизводството се намалува, нема кој да одгледува крави

Производството на млеко во Македонија се карактеризира со голем број мали фарми, каде што традиционалните фармери се 75 проценти од вкупниот број, кои имаат нископродуктивни од една до три крави, со ниско годишно производство на млеко од две до три илјади литри по крава Иселувањето на жителите од руралните средини, особено младата популација, ниската откупна цена на млекото, нискиот просек...

МВР: Почнавме акција за расчистување со политизацијата на Министерството

МВР преку соопштение вчера информира дека актуелното раководство почнало сериозни реформи внатре во Министерството, за расчистување со затекнатата состојба и за враќање на угледот и довербата кај граѓаните. - Актуелното раководство на МВР ги презема неопходните мерки за надминување на состојбите што ги затекна во Министерството, како недостиг од опрема и униформи за полицијата, несоодветна кадровска поставеност односно лица...