Врховниот суд во канадската покраина Британска Колумбија осуди двајца мажи за полигамија, едниот затоа што бил во брак со 24 жени, а другиот поради тоа што живеел во заедница со пет жени.

Винстон Блекмор успеал да се ожени со 24 жени, за што добил 6 месеци казна, домашен притвор и 150 часа општествено корисна работа. Тој од куќата смеел да излезе само кога ќе има потреба од неопходна здравствена грижа. Џејмс Олер, пак, за кого судот утврдил дека има 5 жени добил три месеци домашен притвор и 75 часа општествено корисна работа. И двајцата добиле условни казни од 12 месеци.

И двајцата мажи го почитувале законот, но овојпат морало да бидат осудени бидејќи некои од девојките кои им биле жени имале само 15 години кога се омажиле.

Винстон кој има 61 година и има 149 деца, јасно дал до знаење дека казната нема да го спречи во практикување на неговиот животен стил.

Винстон и Олер биле водачи на мормонската секта, која верува во полигамија.
Максималната казна за полигамија во Канада е пет години затвор.