Светлана Мојсов добитничка на Светската награда на хуманизмот за 2025 година
На големиот празник посветен на Свети Климент Охридски кој бил основач на средновековната школа по хуманизам, денеска напладне во куќата на Уранија беше врачена наградата за хуманизам за 2025 година на Светлана Мојсов, а ја доделува Охридската академија на хуманизмот.
Светлана Мојсов е 19-та по ред добитничка на ова престижно признание, а втора од Македонија по академик Георги Старделов. Мојсов...
Пронајдено телото на бугарскиот нуркач што исчезна во Охридското Езеро кај Трпејца
Телото на давеникот, пронајдено попладнево во близина на селото Трпејца, е на нуркачот што претходно денеска исчезна во водите на Охридското Езеро. Според очевидци, лицето било облечено во нуркачко одело и имало целосна опрема за нуркање.
Претходно, „Нова Македонија“ објави дека 52-годишен државјанин на Бугарија исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри, над селото Трпејца. Инцидентот се случил денеска...
ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на 128 седница ги усвои роковите за сите дејствија за одржување на Локалните избори 2025, откако претходно денеска нив ги распиша претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг од изборите за...
„Водовод и канализација“ апелира скопјани рационално и внимателно да ја користат водата
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата за пиење поради енормно зголемена потрошувачка.
- Дневното производство достигнува и над 350.000 метри кубни вода. Апелираме до граѓаните на градот Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и...
Се трага по исчезнат нуркач во водите на Охридско Езеро
Нуркач е пријавен за исчезнат при нуркање во Охридското Езеро на длабочина од 89 метри, во близина на селото Трпејца.
Веста за пријавата за исчезнување за „Нова Македонија“ ја потврдија од СВР Охрид. Оттаму велат дека во тек е потрага.
- На 9.8.2025 годна во 13:15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т. (52) од Република Бугарија,...
Турција свикува итен состанок на Организацијата за исламска соработка поради планот на Израел за окупирање на Газа
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска за време на посетата на Египет рече дека неговата земја свикува итен состанок на Организацијата за исламска соработка поради плановите на Израел за целосна окупација на Газа, објави „Туркије Тудеј“.
На средбата со својот египетски колега Бадр Абделати во Ел Аламеин, Фидан рече дека како претседател на Советот на министри за надворешни...
Кина лансираше ракета со 11 сателити
Кина денеска успешно лансираше нова ракета „Смарт Драгон-3“ со 11 сателити од соѕвездието „Џили-04“ на кинеската приватна компанија за производство на автомобили „Џили“ и производителот на автомобили „Волво“, објавија кинеските медиуми.
Лансирањето на ракетата е извршено од платформа во морето во близина на градот Рижао на брегот на Жолтото Море, во покраината Шандонг, објави порталот China.org.cn.
Како што соопшти кинеската Национална...
ЦУК: Вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати
На територијата на државата денеска до 12:30 часот имало вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати, а три се водат како сè уште активни, информираат од Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите кај село Братиндол, во Општина Битола, каде гори гори сува трева во нива, пожарот во Општина Прилеп каде гори сува трева над...
Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за време на претресот во Демир Хисар
Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Одземање или уништување службен печат или спис“ врз основа на наредба од Основен суд Битола вчера извршиле претрес во домот на М.Л. (57) од Демир Хисар, како и во службените простории во средно училиште кои ги користел, информираат од МВР.
Во...
Гаши ги распиша локалните избори
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври.
Собранискиот спикер, како што се наведува во соопштението на прес-службата на Законодавниот дом, го потпиша Решението за распишување на осмите локални согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена од распишување до одржување на изборите.
Со...








































