НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан, кој претставниците на двете земји го потпишаа во Вашингтон, под покровителство на САД.
- Го поздравуваме напредокот кон мир меѓу Ерменија и Азербејџан и му се заблагодаруваме на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата инвестиција во мирот. Ова е значаен чекор напред - изјави портпаролката на НАТО, Алисон Харт, на X.
Мировниот...
Лишени од слобода возачи во Делчево и гостиварско, возеле брзо и пијани
На 08.08.2025 во 12:00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода П.К.(32) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај со радар било констатирано дека П.К. управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки надвор од населено место со брзина од 133 километри на час на место каде што со сообраќаен знак брзината е ограничена...
Министерството за здравство го презема лиценцирањето на стоматолозите од комората поради сомнежи за злоупотреби
Министерството за здравство од денеска ги презема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора, соопшти министерот за здравство Азир Алиу.
Тој на денешната прес-конференција информираше дека одземањето на надлежностите, односно на јавното овластување на Стоматолошката комора се се додека не се воспостави систем преку кој Комората ќе работи законито, транспарентно и професионално.
-Овој чекор не е казна. Ова е почеток на реформата,...
Неутралната бела боја дава впечаток на луксуз
Нега и убавина
Постои една боја што веднаш внесува елеганција во секој стил и им дава на жените во 40-тите години софистициран, скап изглед - тоа е бојата на слонова коска.
Овој тон на неутрална бела боја со допири на беж и крем совршено ѝ прилега на зрелата кожа, го осветлува тенот и дава впечаток на луксуз, дури и кога станува...
Компирите еволуирале од домат
Доматите и компирите немаат ист изглед и вкус, но овие два зеленчука имаат заедничко потекло, кое датира од пред девет милиони години. Имено, кинеските научници утврдиле дека компирите потекнуваат од древен предок - доматот, од кој еволуирале во далечното минато. Дивиот домат, кој растел во Андите, се вкрстил со растението етуберозум (Etuberosum), кое покривало многу површини на планетата пред...
Судир пред десет милијарди години го обликувал Млечниот Пат
Астрономите долго време се обидуваат да утврдат дали Млечниот Пат „се здебелил“ од неколку судири со „мали“ галаксии или пораснал по судир само со една голема. За да тестираат различни теории за ова, астрономите анализирале податоци собрани од европскиот вселенски телескоп „Геа“, кој Европската вселенска агенција го лансира во орбитата околу Земјата во 2013 година. Сателитскиот телескоп создаде тридимензионална...
Британска вечер на „Охридско лето“
„Романсата сѐ уште не е мртва“ беше наслов на концертот што во рамките на Британската вечер на 65. издание на „Охридско лето“ го одржаа британскиот виолинист Џек Либек и пијанистката Катја Апекишева во црквата „Света Софија“. Романтичната вечер, која од почетокот ѝ ветуваше на публиката неповторливо музичко доживување што долго ќе се памети, започна со Соната за виолина и...
Ретроспективна изложба на Дивна Пешиќ Грозданов во Кавадарци
Музеј галеријата во Кавадарци синоќа беше претесна за сите љубители на уметноста кои дојдоа на отворањето на ретроспективната изложба на Дивна Пешиќ Грозданов, на во која во трите изложбени салони беа изложени над 50 слики од најзначајните фази од нејзиното творештво.
Дивна Пешиќ е уникатна фигура која ја обединува прецизноста на спортската стрелба и експлозијата на апстрактниот експресионизам. Како уметница ,...
Трамп и Путин ќе се сретнат во Алјаска на 15 август за да преговараат за крај на војната во Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин на 15 август во Алјаска за да преговара за прекин на војната во Украина.
Трамп објави за тоа на социјалните мрежи откако рече дека завојуваните страни се блиску до договор за прекин на огнот што би можел да ја заврши три и полгодишната војна, но може да...
Мастерклас со Никола Ристановски на „Дрим шорт“ во Струга
Вториот фестивалски ден на деветтото издание на „Дрим шорт“ во Струга, покрај проекциите во Паркот на поезијата, прикажува и филмови од Студентската програма во „Јуроп хаус Струга“. Од вчера е активно и катчето за виртуелна реалност во кафе-барот „Дуќан“, а во „Јуроп хаус Струга“ публиката имаше шанса да се запознае и разговара одблиску со бардот на македонското и балканското...








































