Контрола во угостителски објекти во Тетовско, приведени 30 странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој
Во акциска контрола во угостителски објекти во Тетово и Тетовско, полицијата синоќа привела 30 странски државјанки од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија, поради злоупотреба на туристичкиот престој, информираат од МВР.
Полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе Скопје, на 9/10 август 2025 во периодот од 23:30...
Европски лидери: Границите не можат да се менуваат со сила, не може да се одлучува без Киев
Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Полска, Финска, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во заедничко соопштение во врска со решавањето на украинската криза, нагласија дека остануваат посветени на принципот дека меѓународно признатите граници не можат да се менуваат со сила и дека сегашната линија на раздвојување треба да претставува почетна точка за преговори.
Лидерите...
„Волстрит џурнал“: Украина и ЕУ предлагаат договор за прекин на огнот со Русија
Европската Унија и Украина предлагаат договор за прекин на огнот со Русија, кој треба да послужи како основа за претстојните разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на европски претставници.
Повикувајќи се на неименувани извори запознаени со процесот на преговори, „Волстрит џурнал“ објави дека ЕУ вчера за време на состанокот со...
Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила
На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на осуммината бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила.
Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев ќе положи венци со свежо цвеќе пред спомен обележјето на паднатиот...
Концерт на КУД „Бисер“ – Кичево со гости од Хрватска и БиХ
КУД „Бисер“ - Кичево синоќа одржа концертна платото пред Центарот за култура во Кичево, а на кој гости им беа КУД „Младост“ од Босанска Отока и КУД „Пакленица“ од Новска, Хрватска. Концертот претставуваше и возвратна посета на КУД „Младост“, на културно-уметничко друштво „Бисер“ Кичево, откако заедно со друштва од осум европски земји беа гости на играорците од Босанска Отока...
Опструкциите од грчкиот државен врв (не) можат да го забошотат скандалот од епски размери
Реномираниот медиум „Политико“ во своето новинарско истражување изнесува основи на сомневања за тоа како премиерот на Грција, Мицотакис, го користи своето парламентарно мнозинство за да спречи целосна истрага против министрите осомничени за прекршоци. Прилогот на „Политико“ го пренесуваме во целост...
Грчкиот премиер Мицотакис тргува со влијание блокирајќи ја истрагата против своите министри за големата измама со земјоделски средства од фондовите...
Како Трамп ги разоткри слабостите на Европа
Американскиот претседател ја искористи геостратешката и економската ранливост на Европа за да склучи еднонасочен трговски договор и да наметне трошење од пет отсто од БДП за одбрана
Сликата зборуваше многу: наметнатата насмевка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која покажува палец нагоре во стилот на Трамп, додека американскиот претседател радосно се смешка покрај неа; лицата на членовите...
Македонија – преродба, револуција и државност (7)
Македонски историски презент - убавина што боли
И веднаш да се знае: во сѐ, идеја водилка ни е Македонија. Нашата најголема убавина – убавина што боли. Така учевме од Симон Дракул, ама еве така и чувствуваме. Море и должни сме ѝ на таа македонска убавина. И сега кога крволочни балкански хиени нѐ напаѓаат од сите страни, се прашувам дали и...
Забрзано исчезнуваат големи количества вода
Во моментот најдраматична е состојбата со Преспанско Езеро, но од судбината на ова езеро зависи иднината и на Охридско Езеро. Ништо подобра не е состојбата ниту со Дојранско Езеро, кое еднаш беше спасено од целосно исчезнување, но сега повторно се соочува со истиот предизвик исклучиво поради институционална немарност. Дополнително загрижува и намалената штедрост на речните извори, што придонесува реките...
Светлана Мојсов добитничка на Светската награда на хуманизмот за 2025 година
На големиот празник посветен на Свети Климент Охридски кој бил основач на средновековната школа по хуманизам, денеска напладне во куќата на Уранија беше врачена наградата за хуманизам за 2025 година на Светлана Мојсов, а ја доделува Охридската академија на хуманизмот.
Светлана Мојсов е 19-та по ред добитничка на ова престижно признание, а втора од Македонија по академик Георги Старделов. Мојсов...








































