МЗ иницира инспекциски надзор за починатата пациентка на Инфективното одделение во тетовската болница

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка во Инфективното одделение во Општата болница во Тетово. -Јавноста ќе биде навремено известена по завршувањето на постапката за утврдување на фактичката состојба. Министерството за здравство останува посветено на транспарентноста, одговорноста и обезбедување на квалитетна здравствена заштита за сите граѓани -...

Се запали глисер во Охридското езеро

Денеска во СВР Охрид и езерската полиција, пријавено е дека во пловен објект глисер, укотвен во водите на Охридското Езеро, на плажите помеѓу населбата и автокампот Елешец на околу 30 метри од брегот, настанал пожар, информираа од СВР Охрид. Како што информираат оттаму, повредени лица нема, а во гасењето на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид и езерската полиција. - Од...

Мнозинството Германци се незадоволни од работењето на Владата, покажала анкета

Мнозинство германски граѓани се незадоволни од работењето на конзервативната влада на канцеларот Фридрих Мерц, која наскоро ќе наврши 100 дена откако е избрана, објави ДПА, повикувајќи се на резултати од анкетата на Институтот за проучување на јавното мислење ИНСА за неделното издание на „Билд“. Според резултатите 60 отсто од анкетираните се незадоволни од работењето на коалицијата од три партии, додека...

ЦУК: Од вкупно осум пожари на отворен простор, активни се четири

На територијата на државата денеска до 13 часот имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири пожари и изгаснати четири пожари, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Национален парк Јасен во Општина Македонски Брод, каде гори мешана шума, потоа пожарот во село Рамановце во Општина Куманово, каде гори стрниште, пожарот на депонија...

ФОТО: Армијата и МО им оддадоа почит на загинатите војници кај Љуботенски бачила

Во спомен на загинатите припадници од резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила, делегација од Армијата и Министерството за одбрана, положи свежо цвеќе на спомен обележјата на загинатите бранители. По повод 24-годишнината од загинувањето на осумтемина припадници од резервниот состав на Армијата, делегација од Армијата и Министерството за одбрана, предводена од директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев положи...

Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен

По повод 24 години од загинувањето на македонските бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски Бачила, премиерот Христијан Мицкоски објави порака дека „Македонија се потпира на влогот на овие луѓе и нивното дело“. -Почит и слава за хероите од Љуботен. Само со вистина, почит и искрена желба за помирување можеме да изградиме општество каде вакви трагедии нема...

Голем пожар на југот на Албанија, евакуирани села

Пожар од големи размери го зафати јужниот дел на Албанија. Во општина Финиќ, изгореа две куќи, евакуирани се жителите на две села, а се вложуваат максимални напори да се спречи ширењето на пожарот кон хидроелектраната „Бистрица". - Критичната е состојба во селата Велахово, Ливина, Ардасово, Бистрица и Кронѓ. Евакуации беа извршени во Ливина и Ардасово. На терен е присутен и...

Акциска контрола во Скопје, приведени повеќе лица, санкции за угостителски објекти

Полициски службеници од СВР Скопје вчеравечер во периодот од 18 до 2 часот при зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот, како и во насока на одржување на поволна безбедносна состојба на подрачје на град Скопје, констатирале 99 сообраќајни прекршоци. Единаесет возила се подигнати со специјално возило „Пајак", одземени се две возила поради предизвикување голема бучава, приведени се две малолетни...

Од вкупно 22 пожари на отворен простор низ државата, активен е само пожарот во Националниот парк Јасен

На територијата на државата денеска до 9 часот има вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а изгаснати се 21 пожар, информираат од Центарот за управување со кризи.  Активен е пожарот во Национален парк Јасен во Општина Македонски Брод каде гори мешана шума. Пожарот, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, избил вчера попладне...

Контрола во угостителски објекти во Тетовско, приведени 30 странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој

Во акциска контрола во угостителски објекти во Тетово и Тетовско, полицијата синоќа привела 30 странски државјанки од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија, поради злоупотреба на туристичкиот престој, информираат од МВР. Полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе Скопје, на 9/10 август 2025 во периодот од 23:30...