Цела недела ќе е сончево и многу топло
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени Целзиусови, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти...
Слоеви спокој на Алисија Колевска – ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА
Фотографијата Слоеви спокој на авторката Алисија Колевска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
-Тивка предвечерина крај брегот во Лагадин - ја опишува Колевска фотографијата.
Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата...
Земјотрес од 6,1 степен регистриран во западна Турција
Земјотрес со интензитет од 6,1 степени ја погоди западна Турција, соопшти турската агенција за управување со катастрофи, а локалните медиуми објавија дека потресот бил почувствуван во неколку области во државата.
Агенцијата за управување со катастрофи соопшти дека земјотресот се случил околу 19:53 часот по локално време во провинцијата Баликесир, во близина на најголемиот град во Турција, Истанбул, но нема засега...
122 години од смртта на Јордан Сиљанов Пиперката во село Цер кичевско
Денес се одбележани 122 години од погибијата на војводата Јордан Пиперката и неговите соборци Ѓорѓи, Милош и Кузман.
Годинава на овој ден, во организација на патриотското здружение„ Македонски Завет“, во црквата„ Св.Илија“ во село Велмевци, се оддржа Панихида во спомен на македонските јунаци за автономна Македонија.
-Нивниот завет и аманет е силна заклетва за идните генерации, а ние се трудиме да...
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека целта на земјата е да го ослободи Појасот Газа, а не да го окупира, и дека најдобриот начин да се стави крај на војната е разоружување на милитантната исламистичка група Хамас.
- Хамас се уште има илјадници вооружени терористи во Газа, кои крадат храна и пукаат во цивили. Ниту една нација не може да...
Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната, вели Венс
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, денес изјави дека се утврдува датум кога украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин би можеле да седнат на преговарачка маса и да разговараат за завршување на војната.
Венс изјави дека нема да биде „продуктивно“ таков состанок да се одржи пред двајцата лидери да се сретнат со американскиот претседател Доналд Трамп, објави...
Четири пациенти со тешки телесни повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка на улиците во Тетово
Четири пациенти со тешки телесни повреди беа примени денеска на хируршките клиники во Скопје по по вооружена пресметка на улиците во Тетово.
Како што соопшти Министерството за здравство на КАРИЛ е примен 32-годишен пациент со прострелна рана во предел на граден кош, тешка телесна повреда. На Детска хирургија е примено 12-годишно дете со прострелна рана во предел на десна натколеница....
Попладнево изби пожар во Долно Дупени
Денеска попладнево избил пожар кај ресенското село Долно Дупени, во близина на Преспанско Езеро.
Како што информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, пожарникарите од ТППЕ Ресен успеале да ги спасат викендиците и куќите од селото, а огнот се движи кон непристапен терен.
Во гаснењето на пожарот се вклучени два ер трактори и еден полициски хеликоптер.
Пожарникарите добиле помош...
Во вооружена пресметка на улиците во Тетово еден мртов и повеќе ранети, меѓу нив и малолетно девојче
Едно лице е починато, а повеќе се ранети во вооружена престрелка која се случила денеска напладне во Тетово. Меѓу повредените е малолетно девојче и шеестгодишен случаен минувач. Повредените се пренесени во тетовската Клиничка болница и во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од МВР соопштија дека во 12:30 часот на крстосница од улица Илинденска со улица Благоја Тоска во Тетово...
МЗ иницира инспекциски надзор за починатата пациентка на Инфективното одделение во тетовската болница
Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка во Инфективното одделение во Општата болница во Тетово.
-Јавноста ќе биде навремено известена по завршувањето на постапката за утврдување на фактичката состојба. Министерството за здравство останува посветено на транспарентноста, одговорноста и обезбедување на квалитетна здравствена заштита за сите граѓани -...








































