Вучиќ ќе ја посети Кина од 2 до 4 септември, најавени средби со Си и со Путин
Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ја посети Кина од 2 до 4 септември, каде што ќе присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, на покана на претседателот на таа држава, Си Џинпинг.
За време на посетата на Пекинг, претседателот Вучиќ ќе се сретне со претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, претседателот на Руската Федерација, Владимир...
Американците најбројни посетители на археолошкиот локалитет Стоби
Археолошкиот локалитет Стоби годинава го посетиле над 13.100 посетители, од нив најбројни се странските туристи од САД, Австралија, Полска, Австрија, Швајцарија, како и од земјите од регионот – Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Хрватска, Словенија.
Од НУ „Стоби“ за МИА информираат дека археолошкиот локалитет го посетуваат и домашни гости, но, како што велат, тие се во помал број. Најбројни посетители од...
Кошта: Пристапувањето на Западниот Балкан, Молдавија и Украина кон ЕУ не е само ветување, туку приоритет
Европската Унија не е затворен клуб, туку е заедница на вредности и проект за мир и просперитет кој се уште не е завршен, па затоа пристапувањето на Западниот Балкан, Молдавија и Украина кон ЕУ не е само ветување, туку приоритет, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во воведното обраќање на Стратешкиот форум во Блед.
- Овие земји се во...
Штрајк со глад на група осуденици во францускиот затвор Венден-ле-Вјеж
Група затвореници во францускиот затвор Венден-ле-Вјеж, во истоимениот град, почнаа штрајк со глад, откако минатата недела во таа казнена установа имаше бунт и немири.
Група осуденици пред неколку дена предизвикаа поплави во ќелиите, а денеска почнаа штрајк со глад. Нивниот бунт е поради тоа што се преместени во затвор со максимално обезбедување.
Во протестот учествува и Мохамед Амра, обвинет за убиство,...
Прв училиштен ден за 650 првачиња во Прилеп
Прв училишен ден денеска имаа 650 првачиња во Прилеп, кои го започнуваат своето големо патување во светот на знаењето. Многу успех, среќа и радост во учењето на првачињата, на околу 6000 основци и 3000 средношколци, но и на наставниците и професорите им посака градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески.
-Како локална самоуправа вложуваме во образованието. Продолжуваме со проектот за бесплатен здрав...
Ким со воз патува кон Пекинг да присуствува на кинеската воена парада
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун денеска со воз отпатува за Пекинг, каде ќе присуствува на кинеската воена парада. Тоа е првпат Ким да присуствува на голем мултилатерален дипломатски настан.
Предводено е Ким утре да пристигне во Пекинг, а на 3 септември да присуствува на воената парада во чест на формалното предавање на Јапонија во Втората светска војна.
Се очекува Ким...
Подигнато обвинение против 52-годишен маж за убиството на Парубиј во Лавов
Шефот на регионалното обвинителство во Лавов, Микола Мерет, изјави дека е поднесено обвинение против 52-годишен жител на Лавов во врска со убиството на поранешниот претседател на украинската Врховна рада, пратеникот Андриј Парубиј.
Мерет лично го потпиша обвинението, нагласувајќи дека „обвинението се заснова на објективни докази што укажуваат дека осомничениот го извршил убиството на пратеникот“ - се наведува во соопштението на...
Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување, истакна Путин
Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот претседател Си Џинпинг за глобално управување и е заинтересирана да започне конкретно разгледување на кинеските предлози - изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во северниот кинески град Тјенџин.
- Сè повеќе земји се обидуваат да соработуваат со ШОС, а искрениот интерес и вниманието на светската заедница...
Успешна промоција на македонската култура и туризам во срцето на Франкфурт
Во рамките на „Museumuferfest“ во Франкфурт, настан кој секоја година ги обединува посетителите од регионот и многубројните туристи од целиот свет, Министерството за култура и туризам успешно ја промовираше Македонија како врвна европска дестинација. Македонија беше претставена како држава со автентична култура, недопрена природа, примамлива гастрономија, земја која има врски со светот, за што зборуваат и податоците – во...
Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес во Авганистан се искачи на над 800 лица
Најмалку 800 лица загинаа, а повеќе од 2.500 се повредени во земјотресот што ја погоди североисточната авганистанска провинција Кунар - соопштија властите.
- Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан во близина на границата со Пакистан, при што загинаа над 800 лица, а околу 2.500 се повредени - соопшти портпаролот на авганистанската влада, Мавлави...







































