Три ер-трактори се подготвуваат за полетување кон пожарот на територијата на општина Сопиште, зад планината Водно – соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
На пожарот интервенираат пожарникари од БППЗ, а се упатени и четири пинцгауери на ДЗС.
Попладнево пожар избувна и во скопско Волково, каде гореше ниска вегетација, и тој постепено се става под контрола.
Анеглов информира дека исто така е изгаснат и поголем пожар што изби во близина на Јажинце и тоа благодарение на брзата интервенција на тетовските пожарникари, локалното население и полицијата.



































