Први април: Ден на шегата, маските и карикатурата

Први април, Денот на шегата, традиционално е посветен на хуморот, смеата и веселите, безопасни шеги. И во Скопје, овој ден и годинава ќе помине во ведар дух, исполнет со детски маски, креативност и уметност. Во центарот на вниманието ќе биде „Априлијада“, традиционалната детска манифестација што ЈУ Детски културен центар „Карпош“, под покровителство на Град Скопје, ја организира со почеток во...

Македонско друштво „Илинден“-Тирана потпиша Меморандум за соработка со здружението ВАРДАР-МКД од Подгорица

Македонско друштво „Илинден“-Тирана, преставувано од претседателот Никола Ѓурѓај, во Тирана потпишаа Меморандум за соработка со Здружението ВАРДАР-МКД од Подгорица, Црна Гора, преставувано од потпретседателот, адвокатот Никола Ангеловски, со цел промоција на македонските национални малцинства во Република Албанија и Република Црна Гора на национално и меѓународно ниво. Двете здруженија покажаа интерес за градење на партнерство во спроведување на конкретни проектни активности...

Савески најави целосен „ресет“ во обвинителството

Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска на брифинг со новинарите најави дека од утре ќе изврши целосно повлекување на сите дадени овластувања за постапување меѓу обвинителствата, освен во Кочани, Крива Паланка и Ресен, каде поради недостиг на обвинители овластувањата мора да останат активни. Тој нагласи дека сите обвинители ќе бидат третирани еднакво, без фаворизирање, а во однос на предметот...

Венецијанската комисија достави мислење до Уставниот суд за Законот за јазици

Уставниот суд попладнево соопшти дека го добил мислењето од Венецијанската Комисија во врска со предметите во коишто се оспорени одредби од Законот за употреба на јазиците, пренесе МИА. Во воведот од Заедничко мислење amicus curiae на Венецијанската комисија и Генералниот директорат за демократија и човечко достоинство за меѓународните и европските стандарди за употребата на малцинските јазици во јавниот живот и...

Промовирана „Антологија на античката лирика“ – капитално издание што ја обединува античката поезија на македонски

На Филозофски факултет беше промовирана книгата „Антологија на античката лирика“, издание што првпат на едно место ги обединува речиси сите досега преведени поетски творби од античкиот свет на македонски јазик, дополнети со нови препеви на неодамна пронајдени текстови. Станува збор за обемен и сеопфатен избор од лирска поезија од Античка Хелада и Рим, кој претставува значаен придонес во македонската културна...

Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми, велат од УЈП

Управата за јавни приходи денска реагираше во врска со објавените написи во дел од медиумите во кои се наведува дека студентите се „на удар“ на Управата и дека им се бара плаќање данок за летна работа во Германија за период од последните пет години, нагласувајќи дека е потребно транспарентно информирање на јавноста и студентите, со цел да се избегнат...

Савески се сретна со Рокас, разговараа за борбата против корупцијата

Јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава Михалис Рокас, со кого на почетокот на својот мандат разговараше за приоритетите на соработката и на европската поддршка за институцијата. - Средбата е доказ за актуелната соработка, но и силен поттик за идните заеднички проекти - истакна Савески. Амбасадорот Рокас му го честиташе изборот на...

Трамп најави дека британскиот крал Чарлс и Камила ќе одат на посета во САД од 27 до 30 април

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека британскиот крал Чарлс трети и кралицата Камила ќе престојуваат во САД од 27 до 30 април. - Меланија и јас со задоволство објавуваме дека нивните височества, кралот и кралицата на Велика Британија, ќе бидат во историска државна посета од 27 до 30 април на САД, која ќе вклучува величествена вечера во Белата куќа...

Четвртфинале на одбојкарскиот плејоф (Ж): Градско соочување во Струмица, „вардарки“ против Младост УГД

Четвртфиналната фаза од плејофот во Првата лига жени започнува на 1 април со два дуели – градското соочување меѓу лидерот Наковски Волеј и Струмица жени, додека освојувачот на Купот, Вардар ЕМ ќе го пречека Младост УГД. Наковски Волеј важи за апсолутен фаворит во дуелот со Струмица жени, и според позициите кои екипите ги имаа на прволигашката табела (1-8), како и...

Штип УГД против Работнички 71&22, ГОК Борец и Струмица 47&72 во полуфиналето на плејофот

Четирите екипи кои викендов беа дел од финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026, ќе ги гледаме и во завршницата од првенството, односно во „трката“ за шампионската титула во сезоната 2025/2026. Куп освојувачот, Штип УГД и Работнички 71&22, односно ГОК Борец и актуелниот шампион Струмица 47&72 ќе се соочат во полуфиналето на првенствениот плејоф во Првата лига мажи. Најдобрите четири...