Во услови кога енергетиката станува едно од клучните прашања за секоја држава, обврска е да се изгради систем што ќе биде сигурен, конкурентен и отпорен на глобалните предизвици, истакна премиерот Христијан Мицкоски.
Говорејќи на официјалното отворање на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market), тој нагласи дека оваа платформа овозможува поголема флексибилност во управувањето со електроенергетскиот систем, подобро балансирање и поефикасно користење на електричната енергија во реално време.
Според него, воспоставувањето на овој пазар претставува јасен показател дека државата се движи напред со конкретни реформи и јасна визија во енергетскиот сектор.
-Ова е особено важно во период кога целиот европски континент минува низ процес на енергетска трансформација. Нашата држава не смее да стои настрана. Напротив, мора да биде активен дел од европските енергетски текови и политики, потенцира Мицковски.
Тој ја истакна улогата на МЕМО ДООЕЛ Скопје, како национален оператор на пазарот на електрична енергија.

































