РАКОМЕТ – ЕХФ
- Татабања ќе го пречека Охрид на 23 или 24 мај, а натпреварот за трофејот во тоа континентално натпреварување потоа ќе се одигра во Охрид на 30 или 31 мај
ГРК Охрид прво ќе игра на гости, а потоа ќе биде домаќин на реванш-натпреварот од финалето на Европскиот куп сезонава, реши ждрепката влечена вчера во Виена (Австрија), седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Унгарска Татабања ќе го пречека Охрид на 23 или 24 мај, натпреварот за трофејот во тоа континентално натпреварување потоа ќе се одигра во Охрид на 30 или 31 мај, а точните датуми и термини за двата натпревара од финалето ќе бидат потврдени подоцна, пишува ЕХФ.
Двата тима имаа тесни натпревари на патот до финалето. Охрид го загуби првиот натпревар од РК Цеље Пивоварна Лашко во Словенија со еден гол разлика, пред да го добие реваншот дома со 29-27, по изведувањето пенали, а Татабања загуби со два гола разлика на гости од РК Извиѓач, по што го обезбеди своето место во финалето со победа со 37-34 дома, пишува Европската ракометна федерација. Н.М.
ЕВРОПСКИ КУП, ФИНАЛЕ
Прв меч
Татабања – Охрид 23/24 мај
Реванш
Охрид – Татабања 30/31 мај

































