Савески се сретна со Рокас, разговараа за борбата против корупцијата
Јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава Михалис Рокас, со кого на почетокот на својот мандат разговараше за приоритетите на соработката и на европската поддршка за институцијата.
- Средбата е доказ за актуелната соработка, но и силен поттик за идните заеднички проекти - истакна Савески.
Амбасадорот Рокас му го честиташе изборот на...
Трамп најави дека британскиот крал Чарлс и Камила ќе одат на посета во САД од 27 до 30 април
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека британскиот крал Чарлс трети и кралицата Камила ќе престојуваат во САД од 27 до 30 април.
- Меланија и јас со задоволство објавуваме дека нивните височества, кралот и кралицата на Велика Британија, ќе бидат во историска државна посета од 27 до 30 април на САД, која ќе вклучува величествена вечера во Белата куќа...
Четвртфинале на одбојкарскиот плејоф (Ж): Градско соочување во Струмица, „вардарки“ против Младост УГД
Четвртфиналната фаза од плејофот во Првата лига жени започнува на 1 април со два дуели – градското соочување меѓу лидерот Наковски Волеј и Струмица жени, додека освојувачот на Купот, Вардар ЕМ ќе го пречека Младост УГД.
Наковски Волеј важи за апсолутен фаворит во дуелот со Струмица жени, и според позициите кои екипите ги имаа на прволигашката табела (1-8), како и...
Штип УГД против Работнички 71&22, ГОК Борец и Струмица 47&72 во полуфиналето на плејофот
Четирите екипи кои викендов беа дел од финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026, ќе ги гледаме и во завршницата од првенството, односно во „трката“ за шампионската титула во сезоната 2025/2026. Куп освојувачот, Штип УГД и Работнички 71&22, односно ГОК Борец и актуелниот шампион Струмица 47&72 ќе се соочат во полуфиналето на првенствениот плејоф во Првата лига мажи.
Најдобрите четири...
Хоџа – Рокас: Засилена соработка со ЕУ за заштита и одржлив развој на Преспанскиот Регион
Заедничката заложба за заштита и одржлив развој на Преспанскиот Регион била потврдена на денешната средба на министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, со амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас.
На средбата, како што информираат од МЖСПП, било истакнато дека Европската Унија останува силно посветена на зачувување на Преспа паркот преку нови и засилени активности насочени...
Измамиле велешанка за сума од околу 5.000 евра
Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена кривична пријава против двајца измамници, кои измамиле велешанка за сума од околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште десет други повозрасни лица, контактирајќи ги дека нивни блиски наводно се повредени во сообраќајни несреќи и треба итно да се оперираат.
Како што информира МВР, ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци,...
Милатовиќ: Нашата визија за влез во ЕУ не е целосна без вас
Нашето пријателство ги надраснува вообичаените дипломатски фрази за отсуство на отворени прашања. Тоа е суштинско, тоа е преживеано и тоа е вистинско. Тоа е пријателство што го граделе поединци, како нашиот голем книжевник Радован Зоговиќ, кој во црногорскиот и во македонскит карактер го препозна истиот непокорлив дух на слободата. Тоа е нишката што нè врзува, а се гледа во...
Генералот Методија Величковски нов претседател на Здружението „Клуб на генерали“
Здружението „Клуб на генерали“ денеска одржа Годишно изборно собрание во Домот на Армијата во Скопје, на кое беше избрано новото раководство, соопштија од Здружението.
За нов претседател на Здружението е избран генералот Методија Величковски. На Собранието беа избрани и нов извршен и надзорен одбор.
Во изминатите две години функцијата претседател на Здружението ја извршуваше бригадниот генерал Орце Јордев.
Новоизбраниот претседател на Здружението,...
Усвоен предлог-законот за парнична постапка
Владата на денешната редовна 160. седница го усвои предлог-законот за парнична постапка, сеопфатно процесно законско решение, кое се подготвуваше подолг временски период во консултација со стручната и академската јавност. Со неговото донесување, како што информираат од Владата, се реализира уште една значајна обврска од Рaзвојната стратегија за правосудството 2024 - 2028, како и дел од програмата за работа на...
Правдата мора да биде видлива – реформите носат резултати, вели Филков
По повод 31 Март - Денот на македонското правосудство - министерот за правда Игор Филков упати честитка до сите носители на правосудните функции и до сите вработени во правосудниот систем.
- Овој ден е потсетник дека правдата не е само принцип, туку обврска кон граѓаните, кон државата и кон иднината. Вие, како судии, јавни обвинители, адвокати, нотари и извршители, ја...








































