Милатовиќ: Нашата визија за влез во ЕУ не е целосна без вас

Нашето пријателство ги надраснува вообичаените дипломатски фрази за отсуство на отворени прашања. Тоа е суштинско, тоа е преживеано и тоа е вистинско. Тоа е пријателство што го граделе поединци, како нашиот голем книжевник Радован Зоговиќ, кој во црногорскиот и во македонскит карактер го препозна истиот непокорлив дух на слободата. Тоа е нишката што нè врзува, а се гледа во...

Генералот Методија Величковски нов претседател на Здружението „Клуб на генерали“

Здружението „Клуб на генерали“ денеска одржа Годишно изборно собрание во Домот на Армијата во Скопје, на кое беше избрано новото раководство, соопштија од Здружението. За нов претседател на Здружението е избран генералот Методија Величковски. На Собранието беа избрани и нов извршен и надзорен одбор. Во изминатите две години функцијата претседател на Здружението ја извршуваше бригадниот генерал Орце Јордев. Новоизбраниот претседател на Здружението,...

Усвоен предлог-законот за парнична постапка

Владата на денешната редовна 160. седница го усвои предлог-законот за парнична постапка, сеопфатно процесно законско решение, кое се подготвуваше подолг временски период во консултација со стручната и академската јавност. Со неговото донесување, како што информираат од Владата, се реализира уште една значајна обврска од Рaзвојната стратегија за правосудството 2024 - 2028, како и дел од програмата за работа на...

Правдата мора да биде видлива – реформите носат резултати, вели Филков

По повод 31 Март - Денот на македонското правосудство - министерот за правда Игор Филков упати честитка до сите носители на правосудните функции и до сите вработени во правосудниот систем. - Овој ден е потсетник дека правдата не е само принцип, туку обврска кон граѓаните, кон државата и кон иднината. Вие, како судии, јавни обвинители, адвокати, нотари и извршители, ја...

„ТАВ Македонија“: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

„Аустријан ерлајнс“ денеска одбележува значаен јубилеј на македонскиот пазар - 30 години од воспоставувањето на авиолинијата Скопје - Виена и почетокот на успешната соработка со Меѓународниот Аеродром Скопје и „ТАВ Македонија“. На Меѓународниот Аеродром Скопје со церемонијален воден мост по слетувањето на авионот, беа пречекани патниците, кабинскиот персонал и менаџментот на авиокомпанијата, со што беше одбележан овој значаен јубилеј. Неџат Курт,...

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава

Народниот правобранител, постапувајќи по предметни случаи на фемицид, констатира пропусти во институционалната реакција поради што е потребно да се обезбеди превенција и координирано системско справување со семејства со ризично однесување, како и воспоставување механизми што овозможуваат рана интервенција и заштита на децата и другите членови на семејството, дури и кога жртвата формално не поднесува пријава - истакна денеска народниот...

Шестмина приведени за безобѕирно управување возило

Полициските службеници лишија од слобода шестмина возачи за безобѕирно управување возило во текот на изминатото деноноќие на територија на државата, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. - Од нив, петмина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје и по еден во Куманово, Струга и Прилеп. Додека, еден возач управувал возило под дејство на алкохол во Велес и...

Ќе се истражува како 39 полицајци постапувале во случаите на пријавено семејно насилство против Стојанче Јовановски

Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ќе го испитува постапувањето на 39 полициски службеници во случаите на пријавено семејно насилство извршено од Стојанче Јовановски врз неговата сопруга Ивана и малолетната ќерка Катја. Известувањето на МВР за полициските службеници поврзани со случајот на Стојанче Јовановски,...

Неможноста за полагање правосуден и нотарски испит на мајчин јазик е дискриминација, вели Сељани

Поднесена е иницијатива до Владата за законски измени кои ќе овозможат полагање на стручните испити на мајчин јазик, соопшти народниот правобранител Фатон Сељами, на денешната прес-конференција по повод Годишниот извештај за состојбата со обезбедувањето, почитувањето, остварувањето и унапредувањето на човековите слободи и права за 2025 година. Одговарајќи на новинарски прашања, Сељами информираше дека по сопствена иницијатива отворил предмет и се...

Силјановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ

Доаѓам како пријател кај пријатели, дури и како брат во една братска држава и благодарам поради тоа. Нашите две држави ги поврзува искрено пријателство, заемна почит, а нашите билатерални односи се пример за доброседска соработка во регионот - изјави претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на заедничката прес-конференција во Вила „Водно“ со неговиот домаќин, претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Милатовиќ, кој е...