Од Владата до Собранието пристигнале нови предлози за министри на местата на Меџити и Муртезани

До Собранието е пристигнат предлогот за новите министри од ВРЕДИ, информираа попладнево од кабинетот на претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Новите министри треба да дојдат на местото на Изет Меџити, кој беше прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање до неговиот избор за градоначалник на Општина Чаир, како и на министерот за европски прашања Орхан...

Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан, велат од УЈП

Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан, велат од Управата за јавни приходи. Оттаму посочуваат дека во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појавил технички проблем кој бара целосна преработка на истите. - Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка,...

Владата и СЗО потпишаа петгодишна Стратегија за соработка во областа на здравството 2026 – 2030 година

Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и шефот на Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во нашата држава д-р Аким Али денеска потпишаа петгодишна Стратегија за соработка меѓу Владата и СЗО 2026 - 2030 година. Како што информира Министерството за здравство, на настанот со онлајн вклучување се обратил и директорот на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге. -Денешниот...

Програма за волонтирање на младите во Собранието

Собранието е отворено за младите и за нови идеи, порача претседателот на Собранието Африм Гаши на свеченото отворање на Волонтерската програма за 2025 година, што денеска се одржа во законодавниот дом. Програмата им овозможува на младите да се запознаат одблиску со работата на Собранието и да стекнат практично искуство во институцијата. Гаши истакна дека визијата од првиот ден на неговиот...

Уапсено лицето кое му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник

Лишено е од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник, и е спроведено во притвор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Во саботата во 18:20 часот во ОВР Кавадарци e задржан Н.Ј.(32) од Кавадарци, кој во 14:25 часот е лишен од слобода на подрачје на СВР Битола, а бил баран по централен распис од ОВР Кавадарци...

ЕУ воведува регистар на занаетчиски и индустриски производи со заштитно географско потекло

Повеќе прехранбени продукти, како грчкото фета сирење, францускиот рокефор или италијанската пршута досега беа заштитени со нашата европска шема за географско потекло, но од сега ваква пракса ќе биде воведена и за занаетчиските и другите индустриски производи во ЕУ, соопшти портпаролот на Европската комисија за технолошки суверенитет и истражување Тома Рение. - Помислете на италијанското стакло од Мурано, плочките од...

Дебата во Собранието: Берлинскиот процес го олеснува процесот на пристапување во ЕУ

Берлинскиот процес придонесува за подобрување на соработката во рамки на земјите од Западен Балкан во постигнување на стандардите на Унијата и е одлична платформа за поддршка на интеграцијата во ЕУ и уникатен пристап за дијалог и соработка во рамките на самиот Западен Балкан, но тоа не е замена за членство во ЕУ.  Нашата Реформска агенда и нашата оценка во...

Русија тврди дека зазела село во источна Украина

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека московските сили го зазеле селото Клиновје во регионот Донецк во Украина. Информациите не можат да бидат независно потврдени. Во меѓувреме, три лица загинаа, а најмалку осум се ранети во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Днепар, изјави гувернерот на регионот Днепар, Владислав Гајваненко. - Операцијата за спасување е во тек, според прелиминарните податоци, има штета...

Изложба од циклусот „На Мајката земја“ – шума, во Паркот на франкофонијата во Скопје

Во среда, трети декември, од 18 часот, авторот Сашо Алушевски ќе постави изложба од циклусот „На Мајката земја“ – шума, во мобилната-монтажна галерија, во Паркот на франкофонијата во Скопје. Поставката „На мајката земја“ го истражува односот меѓу фотографијата и материјалната природа/реалност/нашите доживувања, третирајќи ја фотографската слика како симулакрум – визуелен знак што не ја претставува природата директно, туку нејзините кодови...

Поевтинуваат дизел горивата

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,1 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде...