Во НУЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга свечено беше одбележан Денот на македонскиот јазик, настан посветен на значењето, зачувувањето и негувањето на македонскиот јазик како темел на националниот и културниот идентитет.
Во рамки на програмата се обратија авторите Петар Аврамовски, Милорад Угреновиќ и Милчо Мисоски, кои говореа за значењето на мајчиниот јазик и неговото пренесување на идните генерации.

Посебен белег на настанот дадоа учениците од ДМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“ со музички изведби во Паркот на поезијата, кои беа поздравени со аплауз од присутните.
Свеченоста беше заокружена со настап на КУД „Илинден“, кој преку македонски песни и ора ја претстави богатата традиција и културно наследство.

Од НУЦК „Браќа Миладиновци“ порачаа дека македонскиот јазик е трајна вредност што треба да се чува, негува и пренесува на идните поколенија.


































